• Latest

Audiatur et altera pars

September 23, 2020

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Audiatur et altera pars

September 23, 2020 16:12
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

„Лекарската комора на Република Северна Македонија најостро го осудува инцидентот што се случи викендов на Клиниката за токсикологија, каде што пациент физички го нападнал и го повредил дежурниот лекар, …“

Ова не е прв ваков случај – пациент да нападне лекар.

И претставува проблем. Кој треба да биде разрешен.

Лекарите не смеат да се чувствуваат загрозено на работните места, и, не смеат да бидат изложени на постојана можност од насилство (физичко или вербално) од некој незадоволен пациент.

Нема оправдување за насилството, ниту пак насилството смее да биде препознаено како легитимен начин на разрешување на било кој конфликт.

Меѓутоа, за да се реши еден проблем не е доволно да се утврди еден или неколку симптоми и да се третираат симптомите. Треба да се погледне од сите страни, да се дијагностицира извориштето, и да се употреби соодветна терапија.

Во дијагностицирањето и во одредувањето на терапијата за конкретниот проблем (кој се манифестира во повеќе случаи на вербално или физичко насилство кон лекарите) треба да се земат предвид неколку елементи кои имаат исклучително значење во правото.

Прв, е принципот audiatur et altera pars или, да се ислушаат обете (сите) страни. Мислам дека е ова принцип кој би требало многу строго да го почитуваат и медиумите во пренесувањето на настаните (посебно кога станува збор за конфликти). Јас не добив информации за перцепцијата на настанот на родителот кој го нападнал лекарот. Зошто го нападнал, што претходело на нападот, како го објаснува своето однесување? Вообичаено вистината се наоѓа кога ќе се исчистат фактите од перцепциите или, кога ќе се вкрстат различните видувања на еден ист настан.

Втор е виктимолошкиот елемент. Комплексноста на интеракцијата, на односите меѓу лекарот и пациентот, однесувањето на двете страни, соодветноста на постапувањето, причините за ескалација, зошто е нападнат баш тој конкретен лекар, а не некој друг … Тоа не значи префрлање на вината на страна на лекарот, туку суштинска анализа на ситуацијата која довела до насилство.

Третиот елемент (кој според мене е исклучително важен во адресирањето на проблемот на насилство кон лекарите) е генерализација, наместо индивидуален пристап.Тоа што некој е лекар не го прави по автоматизам добар, професионален, стручен, совесен, ненасилен. Има добри и лоши лекари. Има професионални и непрофесионални лекари. Има стручни и нестручни и има совесни и несовесни и има многу насилни лекари. Било кој облик на генерализација и затскривање зад патетични флоскули оневозможува откривање на вистината, на фактите, на корените на проблемот, дијагностицирање и преземање мерки кои ќе спречат слични ситуации во иднина.

Четвртиот елемент е институтот крајна нужда –  крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг, истовремена нескривена опасност што на друг начин не можела да се отстрани, а притоа стореното зло не е поголемо од злото што се заканувало. Наспроти тврдењето во соопштението на Лекарската комора дека “нема ниту една причина“ заради која би можело да дојде до ваков вид насилство, правото смета дека може да има ваква причина.

Кога ќе се случи вакво нешто јас навистина очекувам да се испита секој елемент од случајот. По барање на Лекарската комора.

Почнувајќи од тоа во каква состојба било детето. Дали било во живото-загрозувачка состојба, дали требало да се даде итна медицинска помош, дали во најдобар интерес на детето било да се упати во друга болница. Очекувам Лекарската комора да испита дали лекарот објаснил, дали направил се’ според процедурите, дали го донел најдоброто можно решение и дали го образложил истото. Очекувам да се утврдат евентуалните пропусти во процедурите и во индивидуалното однесување кои можат да бидат поправени.

Не очекувам Лекарската комора да излезе со еднострано соопштение во кое нема ни обид за дијагностицирање на проблемот, во кое осудата на било кој облик на насилство кон лекарите и медицинскиот персонал (која е апсолутно легитимна и потребна) не е проследена и со барање да се истражи индивидуалниот случај, и, со намера да се преземе се’ што е во можност на лекарите да воспостават однос меѓу лекарот и пациентот кој ќе ја направи незамислива употребата на сила. Ова е минимумот кој треба да се очекува од Лекарската комора и од правосудните органи.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ