• Latest
Добро утро со Орданоски

Аутопсија на еден „активен бојкот“

May 16, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Аутопсија на еден „активен бојкот“

И повторно во опозицијата сѐ се врти околу кариерата на професорот Мицкоски! Единствената негова јасна политика се инсистирањето на предвремени избори, но јавноста и сега не знае дали тој, самиот, ќе излезе (и каде) како кандидат на изборните ливчиња, па дури ни тоа дали има намера, евентуално, да биде идниот македонски премиер?

May 16, 2022 06:40
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Опозицискиот „активен собраниски бојкот“ тукушто започна, а веќе е време за аутопсија на тој најнов обид за рушење на власта. Зошто? Бидејќи на тој начин власта нема да биде соборена. А делува очајнички и, можно е, ќе направи дополнителна штета на и онака нискиот рејтинг на опозицијата. Кој е само нешто повисок од оној на власта.

Тоа е елементарното прашање за опозицијата: зошто рејтингот никако битно не ѝ расте, дури и според нивните „мерни станици“, после сите упорни обиди откако ги загуби минатите парламентарни избори за соборување на власта?

Од победата на локалните избори, со депресивно ниско ниво на освоени изборни гласови, ВМРО-ДПМНЕ го троши тој скромен изборен кредит со распенавено „лаење“ покрај патот, додека карванот си врви. Нивниот проблем не е колку гласачи не ја сакаат власта; за тоа успешно се грижат СДСМ и ДУИ. Нивниот проблем е зошто разочараните од власта не наоѓаат алтернатива во опозицијата? Зошто ја сметаат за јалова, неавтентична, истрошена, во веќе видени изданија – како ова со бојкотот на Собранието, што сега ќе се „надградува и проширува“ – за кои големата критична и апатична гласачка маса „пет пари“ не дава?

За најголемите проблеми во перцепциите и реалноста на ова општество – евро-интеграциите, корупцијата, растечката сиромаштија, енергетската криза, продолжената партизација на државниот апарат и сл. – опозицијата нема своја политика што може да се запамти и препознае. Има месечно по сто партиски соопштенија, прес-конференции, дневни изјави и повеќе интервјуа по медиумите веројатно двојно од просекот на сите изминати триесетина години демократија, но нема кој може да ви наброи пет конкретни идеи на опозицијата како да се решат тие проблеми. Власта си тера реформски „бизнис-ес-јужуал“, со бледи резултати; опозицијата исто така.

Затоа, всушност, и овој парламентарен бојкот повеќе наликува на здодевен и неоригинален изговор – „Еве, правиме нешто!“ – за недостатокот од политики за сите актуелни теми што го преокупираат секојдневието на граѓаните. Претпоставувам дека следното „активно ниво“ е со по пет-шест автомобили со денови да се блокираат клучните крстосници во Скопје… Е, дури тоа би било нешто ново и невидено! И сигурно ќе охрабри стотици илјади гласачи да се приклонат кон барањата на опозицијата.

Во меѓувреме, рутинираниот „карван“ на власта „укнижува“ разврзување на уште еден децениски историски јазол, оној со статусот на МПЦ-ОА – бидејќи, да нема сомневања, колку што е тој компликуван расплет црковен, толку е и граѓански, политичко-дипломатски успех – па дури и ако ништо не се случи во догледно време со евро-интегративната „ќоравија“ со Бугарија, овој мандат на СДСМ, ДУИ и другите помали коалициски партнери во власта влегува директно во аналите на вековната македонска мултиетничка и мултикултурна историја. Ако тоа не е „зацврстување на националниот идентитет“ – омилената опозициска дрндупка сите овие години – тогаш не знам што е… Законот за коцкарници? Ископот на јаглен во РЕК Битола? Јавниот превоз во Скопје? Платите во образованието? Некој нов корупциски скандал? Или тековниот раст на инфлацијата, можеби? Не дека и на овие теми не се губат или добиваат избори, но трајноста им е како ланскиот снег. За нив експертската и невладината заедница во Македонија секако имаат покохерентни ставови од оние на опозицијата.

На „ланскиот снег“ наликуваат и опозициските (само)фалби за стоте дена локална власт. Поминуваат и двесте денови од нивното управување со најголемиот дел од општините и да не се контроверзите со скопската градоначалничка, ништо особено битно нема што да се рапортира од тој поднационален сектор на управување со државата. И ВМРО-ДПМНЕ, како што тоа го правеше и СДСМ, не го користи граѓанскиот, непартиски дел од локалната самоуправа за промовирање на иницијативи, проекти и поинаков начин на работа и општинско одлучување што не би ја имал партиската логика и интереси зад себе. Шест месеци се доволно време за да се видеше евентуален нов пристап на владеењето на локално ниво што би можел да навести нови политики за националниот изборен натпревар. Тенка работа. Па, не може еден Тимчо Муцунски да биде единствената локална „ластовичка“ оваа опозициска пролет!

И повторно во опозицијата сѐ се врти околу кариерата на професорот Мицкоски! Единствената негова јасна политика се инсистирањето на предвремени избори, но јавноста и сега не знае дали тој, самиот, ќе излезе (и каде) како кандидат на изборните ливчиња, па дури ни тоа дали има намера, евентуално, да биде идниот македонски премиер? А, годинава ќе направи пет години на чело на ВМРО-ДПМНЕ откако го замени Груевски и уште се однесува како главен портпарол на партијата. Нормално дека личниот рејтинг не му е мрднат од едноцифрен процент, дури ни по заминувањето на неговиот архи-опонент Заев во политичка пензија. Проблемот е што Мицкоски се трка со самиот себе, а не со Ковачевски, во поддршката во јавноста. И во таа трка стои очајно лошо.

Така изгледа и оваа политичка пролет во Македонија погледната низ ракурсот на македонската опозиција. Бомбастично-депресивно. Аутопсијата покажува дека пациентот е клинички мртов, само што никој нема храброст тоа да му го соопшти на партиското семејство.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ