Во Охрид денеска ќе се одржат две јавни расправи за предложените измени и дополнувања на законите за туристичка дејност, за угостителска дејност и за такса за привремен престој, како и за мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор.
На првата расправа, од 11 часот, ќе присуствуваат претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници, додека на втората, закажана за 12 часот и 30 минути, ќе присуствуваат физичките лица кои вршат угостителска дејност – приватно сместување.
На јавните расправи ќе присуствуваат и претставници на Министерството за економија и Стопанската комора, а организатор е Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.