Книгата „Неправда и немир“ е една од трите што се промовираат утре, 30 мај, во клубот Сити Хол (до МКЦ), со почеток во 20:30 часот. Во неа се објавени колумни на 29 авторки и автори кои се дел од ЦИВИЛ, како и повеќемина соработнички и соработници, експерти и активисти што ги објавуваа своите ставови на медиумската платформа на организацијата.
Авторската екипа ја сочинуваат: Маја Ивановска, Биљана Јордановска, Дијана Тахири, Фросина Митрушева, Моника Талеска, Сандра Гавриловска, Софија Стојановска, Ида Протуѓер, Гордана Белческа, Дехран Муратов, Синиша Станковиќ, Ермин Климента, Југослав Петровски, Јасмин Реџепи, Боби Илиевски, Фари Хисени, Џевдет Хајредини, Денис Јанкуловски, Латиф Мустафа, Душко Груевски, Перо Наумовски, Дамјан Темков, Тодор Гајдов, Илија Балтовски, Сотир Габеловски, Наум Димитровски, Емрах Реџепи, Велин Стојановски и Џабир Дерала.
Книгата е на 280 страници, а фотографиите на кориците се од нашиот соработник, грчкиот фоторепортер Александрос Стаматиу.
Оваа публикација е дел од проектот “Слободни медиуми за слободно општество”, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.