Човекот што ги објави нелегално пруслушуваните разговори меѓу функционерите на ДУИ се појави јавно на својот Фејсбук профил кој го носи името Ел Чека (El Cheka). Тој иронизира со веста на МВР дека го откриле авторот, а испрати и директна порака до политичката партија ДУИ.
Веста за негово откривање ја нарече глупост, потсетувајќи дека не постои откритие, бидејќи тој јавно излегува, со идентитет и лични фотографии, а обвинува дека криминал е токму убиството на Албанците и на припадниците на ОНА. Ел Чека, пред околу 23 часот емитуваше и видео во живо, каде што јасно се гледа неговото лице. Ел Чека живее во САД.
“Глупоста на ДУИ-стите нема крај, ме откриле? Но, на мојот профил се сите мои персонални слики! И ова го нарекувате криминал нели! А убиствата на војниците на ОНА и на Албанците не се криминал? Ќе поднесете кривична тужба? Не ве шишам! Господ да ги благослови Албанија и Америка!” – пишува Ел Чека на својот профил.
А. Зеќири
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.