На 5 мај, во Музеј на Град Скопје, ќе се одржи авторскиот концерт на Дамјан Темков и Филип Иванов, со почеток од 20 часот.
Нивните дела ќе ги изведуваат Марија Вршкова, Гонца Богоромова – Краповски, Анастасија Грговска, Владимир Костов, Мартин Димитров, Бојан Талески и Паскал Краповски.
„Концертот е од нетипична појава во Македонија, и ќе служи како поттик за младите автори“ изјави Дамјан Темков.
Концертот е проект од национален интерес во културата, поддржан од Министерство за култура.
Влезот на концертот е бесплатен.
А. Петровска