• Latest
Фото: МИА

Бабовски: Да не се шират лаги зашто ниту една кривична пријава не може да ја спречи веќе создадената паника во јавноста

June 5, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бабовски: Да не се шират лаги зашто ниту една кривична пријава не може да ја спречи веќе создадената паника во јавноста

June 5, 2023 13:42
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Овошјето и зеленчукот се безбедни, а резидуи од метали и тешки метали во доматите и краставиците нема, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски.

Сите анализи се негативни, рече Бабовски на прес-конференција и потенцира дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело. Дали за тоа АХВ ќе поднесе пријава, ќе се знае, додаде, наредните денови.

-Негативни се сите резултати за наводни резидуи од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој порача дека кога се излегува да се каже нешто во јавноста, тоа треба да биде точно и вистинито.

Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.

-За жал, некој се декларира како демохристијан, а на верски празник излегува со неточни податоци. Тоа за мене е нонсенс. Ќе мора да преземеме одредени активности за да се заштитат, пред се, граѓаните. На мене, на луѓето од АХВ и нa професионалците кои си ја вршат работата, нечие извинување не ни значи ништо. Ако некој некому треба да се извини, тогаш треба да им се извини на граѓаните. Подобро од точна информација нема. Ниту едно обвинителство, ниту една постапка, ниту која било кривична пријава не може да го исправи она што беше проширено како паника, рече Бабовски.

Директорот објасни дека ако при увоз се откријат позитивни пратки, тие веднаш се ставаат под надзор. Право на увозникот и економскиот оператор е да побараат „второ мислење“, односно друга лабораторија во која со акредитирани методи ќе се изврши испитување. Притоа, доколку се добијат различни резултати или со тоа увозникот/операторот не е задоволен, има право и на супер-контрола. Доколку, пак, се добијат позитивни резултати за производи во домашниот, внатрешен промет, има начин за следливост.

-Имало и ќе има, и негативни и позитивни резултати. Последен пример што покажа позитивен резултат за резидуа од пестициди, беа портокали увезени од Египет. Но, не се дозволи тие воопшто да влезат во промет. Ставени се под надзор, увозникот има право на втора контрола и супер-контрола. Откако ќе ги добиеме точните резултати, тогаш пратката и сите такви пратки, одат или на нештетно уништување (депонија) или ако земјата извозник се согласи, се враќаат назад. Во никој случај не завршуваат на нашиот пазар. Кога, пак, ќе се најдат позитивни резултати во внатрешен промет, има начин за следливост – да се види од каде е тој производ, дали е домашен или од увоз. Не е добро да се дискретидира која било држава или кој било економски оператор, која било институција, без точни и проверени резултати. Имаше и на Ветеринарен факултет случај кога граѓанин однел на испитување домати во кои се најдени резидуи. Но, граѓанинот не постапил законски. Ако се сомневал, требало да поднесе претставка до АХВ, а нашиот инспектор по службена должност ќе го однел на испитување примерокот. Тогаш се добива правно валиден резултат зашто никој не може да знае што се случувало од пазарот до лабораторијата и притоа, не можеме никого да обвинуваме, подвлече Бабовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ