Најверојатното сценарио за руски напад врз Украина не е целосна инвазија, туку операција со лажно знаме или државен удар, изјави денес германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
„Сценариото за целосна инвазија можеби е можно, но не сум сигурна дека ова е навистина можното сценарио“, рече таа на Минхенската безбедносна конференција, говорејќи на англиски.
„Повеќе би се плашела дека најверојатното сценарио е операција со лажно знаме или државен удар или други работи како…ако сета струја падне овде во овој хотел, сите ќе полудеме тотално“, додаде таа, очигледно алудирајќи на сајбер напад или напад врз критичната инфраструктура на Украина.