Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска изјави дека единствено прифатливо решение за Владата во Багдад е Ирачки Курдистан да го поништи референдумот за независност, што беше одржан на 25 септември.
Властите во Ербил предложија замрзнување на одлуката за независност, во услови кога Армијата на Ирак ги потиснува нивните вооружени сили, навлегувајќи преку границите на Ирачки Курдистан.
„Ние нема да прифатиме ништо друго, освен поништување на референдумот и почитување на Уставот“, изјави Ал Абади.
Ирачки Курдистан предлага итен прекин на огнот и започнување на дијалог меѓу властите во Багдад и Ербил.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
фото: архива на ЦИВИЛ