Во екот на демонстрациите против расизмот што се одржуваат низ САД, претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден излезе со жестоко предупредување.
Бајден во шоуто на Тревор Ноа изрази загриженост дека Доналд Трамп може да се обиде да ги украде изборите. Тој предупреди дека со војска ако треба ќе се отстрани Трамп од Белата куќа доколку изгуби на изборите во ноември и не го признае резултатот.
Како што пренесува Гардијан, според Тим Муртагу, директор за комуникации во изборната кампања на Трамп, Бајден се обидува да ја поткопа довербава во амеркианските избори и дека неговите обвинувања се безмислена теорија на заговор.
„Претседателот Трамп беше јасен дека ќе ги прифати резултатите од изборите во 2020“, вели Муратагу.
Претседателските избори во Америка се закажани за 3 ноември 2020.
Б. Ј.