• Latest
Претседателот на САД, Џо Бајден, на излегување од Air Force One по пристигнувањето на аеродромот Франц-Јозеф-Строс во близина на Минхен, Германија, 25 јуни 2022 година, пред самитот на Г7.

Бајден на Г7 во Германија со задача да ги подготви западните сојузници на долга војна во Украина

June 26, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден на Г7 во Германија со задача да ги подготви западните сојузници на долга војна во Украина

June 26, 2022 11:24
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Претседателот на САД, Џо Бајден, на излегување од Air Force One по пристигнувањето на аеродромот Франц-Јозеф-Строс во близина на Минхен, Германија, 25 јуни 2022 година, пред самитот на Г7.

Претседателот на САД, Џо Бајден, на излегување од Air Force One по пристигнувањето на аеродромот Франц-Јозеф-Строс во близина на Минхен, Германија, 25 јуни 2022 година, пред самитот на Г7.

Share on FacebookShare on Twitter

Кога претседателот Бајден се сретна со своите западни сојузници во Европа пред три месеци, светот се обедини зад Украина, а значењето и целите на НАТО се зајакнаа повеќе од кога и да е. Њујорк Тајмс потсетува дека тие денови се зборуваше за „осакатувачки санкции“, рускиот претседател Владимир В. Путин беше во дефанзива, а разговорите за победа беа во воздухот“.

Сега, Бајден се враќа во Европа – на самитот на Групата 7 на најбогатите големи демократии во светот на германските Алпи, кој ќе се одржи од 26 до 28 јуни. По Г7 во Германија, следи и самит на НАТО во Мадрид. Тоа се две средби на највисоки нивоа во момент кога војната станува сѐ потешка.

Додека извозот на нафта на Русија нагло опадна, нејзините приходи се во пораст, што е резултат на зголемените цени на горивото. Откако ги концентрираше своите напори на југот и на истокот на Украина, Русија остварува поединечни, но значајни успеси, бидејќи Украинците, опколени, почнуваат да се откажуваат од клучните градови: прво Мариупол, а сега, на исток, Сиевиеродонецк.

Затоа, Бајден мора да ги подготви своите сојузници за тежок конфликт – враќање на „долгата борба на самракот“ за која своевремено зборуваше претседателот Џон Ф. Кенеди, нешто што малкумина го замислуваа пред шест месеци. Не е изненадувачки што во решителноста на Западот се појавуваат пукнатини, бидејќи претстојните избори во неколку држави почнуваат да ги загрижуваат сојузничките лидери.

Претставници на Белата куќа велат дека ништо од ова нема да го одврати Бајден уште посилно да ја притисне Русија, а последните неколку недели донесоа договори за нови начини за изолација на Москва.

Белата куќа, планира да објави нови чекори за зајакнување на капацитетите на НАТО, вклучително и нов „стратешки концепт“ за алијансата, прв по десетина години. Пред една деценија се зборуваше за интегрирање на Русија во Европа – денес тоа изгледа фантастично, пишува Њујорк Тајмс.

Прашањето што се наѕира ќе биде како да се постапи со Путин, во моментот кога Русија, од партнер на Европа, стана држава-одметник. Неговата изолација ќе се продлабочи, велат американските власти. Но, кога претседателот Емануел Макрон од Франција во мај рече дека Западот треба да се спротивстави на „искушението за понижување“ на Путин, тоа беше меѓу првите јавни знаци на раскол во основната стратегија за тоа до каде треба да се турне рускиот лидер.

„Во споредба со патувањето во март, Бајден се соочува со зголемен степен на компромиси помеѓу целите на домашната и надворешната политика“, рече Ричард Фонтен, главен извршен директор на Центарот за нова американска безбедност, истражувачка група од Вашингтон. „Неговиот приоритет ќе биде да го зголеми притисокот врз Русија и помошта за Украина, но тоа да го направи во време кога Западот е загрижен за цените на нафтата и храната, неговите преостанати резерви на оружје и војната на која не ѝ се гледа крајот.“

Во меѓувреме, руските сили лансираа повеќе од 45 проектили во саботата кога војната влезе во петтиот месец, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој најави учество на самитот во понеделник. Тој, исто така, го обнови своето барање САД и нивните сојузници да испорачаат понапредно оружје.

„На Украина и треба повеќе оружена помош, а системите за противвоздушна одбрана – модерните системи што ги имаат нашите партнери – не треба да бидат во области за обука или складишта, туку во Украина, каде што сега се потребни“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање во саботата. „Потребно е повеќе од кое било друго место во светот.“

Токму новата, остра природа на конфликтот го разликува тонот на овие средби на западните сојузници од оние што се одржаа претходно.

Пред само два месеци, Американците отворено изразуваа разумна надеж дека силите на Путин ќе бидат принудени да се повлечат на позициите што ги имаа пред инвазијата на 24 февруари. Бајден сега е повнимателен во својот јавен тон, дури и ако неговите цели остануваат суштински непроменети.

Прашањето е дали Бајден може да ги придвижи сојузниците од одговор на кризата кон долготраен одговор на инвазијата, знаејќи дека трошоците ќе се зголемат и притисокот ќе се зголемува додека Путин се обидува да го искористи сето оружје што му стои на располагање – од ограничување на извозот на гас и блокада на украинскиот извоз на жито – како предности против неговите противници.

Бајден, велат соработниците, ги одмерува можностите дали со ново оружје ќе ја ескалира војната пребрзо и ќе му даде на Путин уште едно оправдување за одмазда. Тој сака да го види Путин како ги губи позициите.

подготви: Дескот на ЦивилМедиа

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ