• Latest

Бајден: Путин ќе ја плати цената „на долг рок“

March 2, 2022
Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Бајден: Путин ќе ја плати цената „на долг рок“

March 2, 2022 10:05
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во своето обраќањето до нацијата, американскиот претседател Џо Бајден вети дека ка ќе ја натера Русија „да плати цена“ за инвазијата на Украина.

Тој наведе низа одговори, вклучително и зголеменото распоредување на американските трупи во Европа и агресивните напори на Министерството за правда за запленување на имотот на олигарсите и владините претставници од сојузниците на Путин. Бајден се обврза да и обезбеди на Украина доволно оружје, материјали и хуманитарна помош за „борба за слобода“, пренесува Си – Ен- Ен.

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја плати цената „на долг рок“ дури и ако успее на бојното поле во Украина, велејќи дека „слободата секогаш ќе ја победи тиранијата“.

„Војната на Путин беше однапред испланирана и неиспровоцирана. Тој ги отфрли тековните дипломатски напори. Мислеше дека Западот и НАТО нема да одговорат. И мислеше дека може да не подели. „Путин згреши, ние останавме обединети“, рече Бајден во едночасовното обраќање пред Конгресот.

„Иако може да биде успешен на бојното поле, тој ќе плати висока цена на долг рок“, рече Бајден во традиционалниот говор за состојбата на нацијата, пренесува Ројтерс.

„Путин нема поим што му се подготвува. Рускиот претседател Владимир Путин пред шест дена се обиде да ги разниша темелите на слободниот свет мислејќи дека може да го натера да му се потчини. Но, тоа беше сериозно прекалкулирано“, рече американскиот претседател.

Бајден најави дека САД планираат да ги прогонуваат руските олигарси кои го поддржуваат Владимир Путин.

„На руските олигарси и корумпираните лидери, кои изградија милијарди долари благодарение на насилниот режим, им велам – нема повеќе! Секретаријатот за правда ќе формира работна група за гонење на злосторствата на руските олигарси. Се здружуваме со европските авиони на сојузниците“, истакна Бајден.

Тој повтори дека САД нема да испраќаат војници во Украина.

„Сакам да бидам јасен – нашите сили не се ангажирани и нема да се вклучат во конфликт со руските сили во Украина. Наместо тоа, американски војници се распоредени во Европа, не за да се борат во Украина, туку за да ги бранат нашите сојузници во НАТО во случај Путин да одлучи да продолжи да се движи кон запад“, рече Бајден.

Според него, за таа цел се мобилизирани копнени сили, воздушни ескадрили, како и пловни објекти.

 

 

 

 

ВО СВОЈОТ ПРВ ГОВОР ЗА СОСТОЈБАТА НА ДРЖАВАТА

Бајден: Путин не знае што го чека

Американскиот претседател Џо Бајден го нападна рускиот претседател Владимир Путин, ги забрани руските летови на американскиот воздушен простор и ги предводеше демократските и републиканските пратеници во редок приказ на единство во говорот за состојбата на државата, во кој доминираше руската инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

„Секој од нас, ако може да стои, нека застане и испрати кристално јасен сигнал до Украина и до светот“, ги повика Бајден демократите и републиканците.

Пратениците, кои се длабоко поделени околу даноците, правата на глас и безбедноста на оружјето, застанаа заедно да ѝ аплаудираат на Украина, многумина вееја украински знамиња и навиваа во Претставничкиот дом. Неколку жени членки на Конгресот ги носеа боите на знамето, жолта и сина.

Отстапувајќи од своите подготвени забелешки, Бајден за Путин рече: „Тој нема поим што го чека“.

„Вечерва се среќаваме како демократи, републиканци и оние што се независни. Но најважно – како Американци. Со посветеност еден кон друг, кон Америка, кон американските граѓани и Уставот. И непоколеблива определба дека слободата секогаш ќе надвладее над тиранијата“, рече Бајден во почетокот на своето обраќање.

Потоа тој зборуваше за руската инвазија на Украина.

 

 

„Пред шест дена, рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ги разниша темелите на слободниот свет. Мислејќи дека може да го присили да му се потчини. Но тој жестоко се прецени. Мислеше дека може да ја нападне Украина и дека светот ќе се преврти наопаку. Наместо тоа, го дочека ѕид што не го очекуваше ниту го замислуваше. Се сретна со украинскиот народ“, изјави Бајден, по што ја поздрави украинската амбасадорка во САД, која говорот го следеше во друштво на првата дама на САД Џил Бајден.

Фото: ЕПА

Американскиот претседател најави дека САД имаат намера да ги прогонуваат руските олигарси што го поддржуваат Владимир Путин.

„На руските олигарси и корумпираните лидери, кои изградија милијарди долари благодарение на насилниот режим, им велам – нема повеќе! Секретаријатот за правда ќе формира работна група за гонење на злосторствата на руските олигарси. Се здружуваме со европските сојузници да ги најдеме и заплениме нивните јахти, луксузни станови, приватни авиони“, рече Бајден.

Тој најави и забрана за сообраќај на руски авиони во американскиот воздушен простор.

„Објавувам дека ќе им се придружиме на нашите сојузници во затворањето на воздушниот простор на САД за сите руски летови, дополнително изолирајќи ја Русија и вршејќи дополнителен притисок врз нивната економија“, рече тој.

Бајден во обраќање ја пофали,  способноста на САД да се обединат со другите слободољубиви народи низ светот.

„Останавме обединети. Вистината им се спротивстави на руските лаги, а сега кога Путин покрена акција – светот ја бара неговата одговорност. Путин е поизолиран од светот од кога било досега“, рече американскиот претседател.

За време на своето обраќање Бајден се обиде да ги смири загрижените граѓани поради војната што Русија ја започна во Украина.

„Знам дека веста за тоа што се случува изгледа загрижувачка за сите граѓани. Сакам да знаете дека сѐ ќе биде во ред. Ќе бидеме добро. Кога ќе се пишува историјата на овој период – војната на Путин против Украина ќе ја направи Русија послаба – а остатокот од светот посилен“, рече тој.

„Путин можеби го обиколува Киев со тенкови, но никогаш нема да ги придобие срцата и душите на украинскиот народ“, рече Бајден.

Бајден во обраќањето се осврна на економските прашања, особено го пошенцираше усвојувањето на Законот за инфраструктура

„Америка некогаш ги имаше најдобрите патишта, мостови и аеродроми во светот. Нашата инфраструктура сега е на 13-то место во светот. Нема да бидеме конкурентни за работните места во 21 век ако не го подобриме тоа. Затоа беше усвојувањето на Законот за инфраструктурата толку важно“, рече американскиот претседател.

Тој им се заблагодари на , како што рече, републиканските пријатели кои се приклучија во вложувањето за обнова на Америка. „

Ова е најголемата поединечна инвестиција во историјата. Тоа е резултат на напорите на две партии. Сакам да им се заблагодарам на нивните членови што го овозможија тоа“, посочи Бајден.

За борбата против инфлацијата, Бајден рече дека еден од начините е да се намалат платите – што ќе ги направи граѓаните посиромашни.

„Мислам дека имам подобра идеја. Пониски трошоци, а не вашите плати. Тоа значи да се направат повеќе автомобили и полупроводници во Америка. Повеќе инфраструктурни проекти и иновации. Повеќе стоки да се движат побрзо и поевтино. Создавање повеќе работни места каде што можете да заработите добри пари. Наместо да се потпирате на странските синџири на снабдување – ајде да го направиме тоа во Америка“,повика Бајден.

Во однос на даночната политика, Бајден рече дека тој не подразбира зголемување на даноците за граѓаните што заработуваат помалку од 400.000 долари годишно., и дека сегашниот даночен систем не е фер кога би гласале тајно. Треба да се подобри даночниот систем.

„Не сакам никого да казнам. Но ајде да ги натераме корпорациите и богатите Американци да почнат да го плаќаат својот дел“, додаде тој.

Бајден, осврнувајќи се на пандемијата на ковид-19,  рече дека администрацијата што ја предводи овозможила, , стотици милиони бесплатни тестови за коронавирусот.

„Доколку веќе сте нарачале бесплатни тестови, најавувам дека од следната недела можете да нарачате друга група“, најави Бајден.

Бајден во своето обраќање упати порака до заедниците што живеат во САД дека кога станува збор за полицијата, не треба да избираат меѓу безбедноста и еднаквоста пред правдата.

„Да се обединиме и да ги заштитиме нашите заедници, да ја вратиме довербата и да бараме одговорност од полицијата. Градовите и државите можат да искористат дел од фондот од 350 милијарди американски долари за да ангажираат повеќе полицајци и да инвестираат во веќе докажани стратегии, како што се борбата против насилството и траумата, давајќи им можност за младите да се надеваат. Треба да се согласиме дека не треба да го намалуваме финансирањето на полицијата, туку да го финансираме побогато“, рече претседателот Бајден.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ