• Latest

Бајден во наследство од неговиот мандат остава повеќе успешни законски проекти за идниот развој на американската економија

November 22, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бајден во наследство од неговиот мандат остава повеќе успешни законски проекти за идниот развој на американската економија

November 22, 2024 20:19
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Тимот на Џо Бајден брза да ги реализира сите средства доделени од Конгресот за оваа фискална година бидејќи тие знаат дека секаков нов указ од актуелниот претседател може брзо да биде укинат од неговот наследник Доналд Трамп.

Сепак, американски претседател во заминување ќе остане во историјата како еден од најуспешните убедувачи и модератори меѓу демократските и републиканските законодавци за усвојување на неколку успешни мега проекти за идниот развој на САД.

Сега, во последните неколку недели од неговот мандат, остануваат програми кои можат да се релизираат ако навреме се распределат преостанатите средства за оваа фискална година. Се работи за значајна сума од 46 милијарди долари.

-Веќе објавивме инвестиции за 74.000 инфраструктурни и проекти за чиста енергија кои катализираа речиси еден трилион долари инвестиции во приватниот сектор, ги намалија цените на лекови со рецепт, и креаираа 1.6 милиони работни места во градежништво и производство, изјавија од Белата куќа.

Бајден зад себе остава големо наследство по првите две продуктивни години од неговиот мандат. Во текот на овој период, 2021-23 година, Конгресот со двопартиска подршка ги усвои следните акти и закони:

План за спас на Америка вреден 1.9 трилиони долари со што земјата се справи со последиците од ковид пандемијата. Потоа, Законот за редукција на инфлацијата, за намалување на цените и борба со глобалното затопување. Па Законот за чипови и наука, што обезбеди 52 милијарди долари за унапредување на американската индустрија за полупроводници, и 1.2 трилиони долари вредниот Закон за инфраструктура, за подобрување на патиштата, мостовите и широкопојасен интерент во земјата.

Тимот на Бајден се надева дека сите овие закони ќе остават трајно влијание врз развојот на американската кономија во годините и децениите што следуваат, а во благо на идните генерации.

 

Tags: БајденСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ