Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик-народен правобранител, на дебатата на ЦИВИЛ „На „балот“ за човековите права на Ромите се осврна на заштита на правата на Ромите.
„Институцијата народен правобранител постои повеќе од 20 години со мандат да ги штити уставните права на граѓаните, вклучително и Ромите. Во оваа институција водиме статистика за нашите потреби за почитување на правото на само изјаснување на граѓаните. Од година во година бројот на поплаки поднесени од ромската заедница се зголемува. Тоа не ја одразува вистинската бројка на секојдневно ниво. Народниот Правобранител мора да работи повеќе во сферата на заштита на правата на Ромите. Се чувствувам нелагодно тогаш кога за човековите права на Ромите има застарена традиција да зборуваме само за Ромите на светскиот ден на Ромите. Ова треба сите да го промениме. Човековите права на Ромите не се слават само на 8 април, сите ние треба да се заложиме сите непочитувања да дојдат до израз. Ние имаме посебна област ги таргетира проблемите на Ромите од дискриминација и соодветна и правична застапеност. Едни од главните проблеми кои ги имаат Ромите се дискриминација во полицијата, здравствена заштита, правото на регулирање на државјанство и ред други.
Народниот прав максимално приложува напори да биде поблиску до Ромите преку организирање конференции и слично за тоа колку е подобрена ситуацијата на Ромите во РСМ“, истакна Бајрамовска-Мустафа.