ПЕТРИТ САРАЧИНИ
На настан за 75 години од Здружение на пензионери, Заев одговара на новинар дека е банално прашањето дали немало поспособен од него во СДСМ.
А еден куп медиуми, меѓу нив и такви кои се декларираат како професионални, ја извртуваат изјавата и ја лажат јавноста дека „банално“ се однесувало на оставките за пожарот во Тетово и на жртвите.
Гори ФБ и Твитер.
Од политичар, преку дежурен експерт до инфлуенсер, секој има понешто да каже за „баналноста“ на Заев.
Во меѓувреме, Апасиев јавно лаже дека 200.000 Македонци одбиле да се попишат. Таа лага се пренесува без да биде проверена ниту предизвикана од еден куп медиуми.
И? Никому ништо, никој не се буни.
Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност.