• Latest

Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски примено од турските власти, постапката може да трае неколку месеци

December 14, 2023

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски примено од турските власти, постапката може да трае неколку месеци

December 14, 2023 09:14
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосмничениот за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски е во тек, а Министерството за правда добило известување од надлежните органи во Турција дека барањето е пристигнато. Двете министерства се во постојана комуникација, но, сепак, постапката за екстрадиција би можела да трае и до неколку месеци, а скратена постапка е можна само кога лицето прифаќа да биде екстрадирано.

По повеќе од една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени, истрагата е во тек, а главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, завчера рече дека „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов

Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, вчера на брифинг со медиумите, појаснија дека барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски и дека вчера стигнало известување од Турција дека е примено.

Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција.

Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, вчера рече дека соработката со Министерството за правда на Република Турција е одлична и дека во скоро време очекуваат одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски.

Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот г

– Во релативно најскоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би била во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што е можно во најскоро време, рече Аврамовска Мадиќ.

Правото на жалба, според Аврамовска Мадиќ, го има секој осомничен и обвинет, но од страна на Министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи сѐ, за, како што вели, Палевски да биде донесен во Република Северна Македонија.

– Екстрадициониот притвор кој му е утврден и определен од страна на државата во којашто се наоѓа да биде донесен кај нас, а нашите органи, институции, обвинителството и судството во најбрз можен рок да постапат по предметите, бидејќи веќе видовме и од страна на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека постојат доволен број докази, да може овој предмет да биде завршен во најбрз можен рок, вели Аврамовска Мадиќ.

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Бубевски, завчера изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и дека „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

– Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.

Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

– Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера рече дека МВР разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата. Министерот Спасовски воедно предупреди да не се злоупотребува случајот со убиството на Вања за политички цели.

Државниот интерес треба да биде приоритет на сите министри и заменици во оваа техничка Влада и тука нема дилема, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој вечерва пред почетокот на вла

– Ова е случај кој апсолутно ја интегрира јавноста, сериозна трагедија, но исто така случај кој во ниту еден момент не треба да биде злоупотребен, за политички цели. Сметам дека се што се прави апсолутно не придонесува кон целосно расветлување на случајот. Има многу лажни вести кои се шират, теории на заговор, дезинформации, изјави Спасовски.

По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, Љупчо Палевски – Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Фото: МИА архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ