Драги Албанци, а и Македонци и сите народи што живееме тука.
Г. Апасиев очигледно не може да се помири дека Албанец може да биде министер за надворешни работи. Исто така, Апасиев не може да сфати дека ниту една политичка фигура не смее да преговара за идентитетот на Македонците, ниту пак може да одлучи „чив е Гоце“ или како се вика јазикот на кој зборуваат Македонците. Дел од бугарските власти моментално добиваат некој поен таму кај нивните гласачи со некоја си дебилна реторика, па сега Османи бил крив!
Апасиев треба да сфати една работа, а таа е многу едноставна: се додека е фашистички, национал шовинистички настроен кон Албанците, најдобро е да не им се обраќа!
Нека се сети дека Албанците ниту еднаш, во никаква прилика, не оспориле ниту знаме, ниту јазик, ниту име, а ниту црква!
И пред апелот на Апасиев ние бевме и ќе останеме тука рамо до рамо со нашите сограѓани Македонци, исто (а дури и по сплотени) како векови наназад!
Слобода на говор, а не говор на омраза!
ПС: Ах да, ова е најважно: Ние не сме соседи тука, ние живееме под исти кров!