Авторката Лиса Баута Шаќири во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите, декември 2020 година.
Во Европа, недостатокот на национализам не значи дека луѓето таму не си го сакаат народот или нацијата, напротив, тие промовираат вредности што ги имаат како свој бекграунд, и ги обединуваат во едно пошаренолико општество, и се развиваат како европска култура и општество, порача Лиса Баута Шаќири.
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.