Бегалец кој добил право на заштита во Бугарија, извршил самоубиство во центар за мигранти во Белгија, јавија локалните медиуми.
Мажот од Еритреја бил исклучително депресивен и речиси одбивал да јаде, соопштиле невладини организации запознаени со случајот. Генералниот директор на белгиската служба за странци рекол дека „бегалецот не сакал да се врати во Бугарија“. Според службата, одлуката на Еритреецот да посегне по својот живот не може да била поврзана со „одличните“ услови во кампот.
Мигрантите од кампот во близина на Лиеж вчера одбиле да јадат. Невладини организации за во сабота повикуваат на собир во близина на Центарот за мигранти и истакнуваат дека ова е трет смртен случај меѓу мигранти во Белгија во последниве месеци. Еднаш полицијата пукаше во возило во кое загина дете на мигранти, а во вториот случај мигрант беше прегазен додека, бегајќи од полиција, се обидел да премине преку автопат. (МИА)