• Latest
Фото петиција #StopTorture во 2014 година (архива на ЦИВИЛ)

Кога суровоста и садизмот се користат во име на идеологија или држава

June 26, 2024
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Кога суровоста и садизмот се користат во име на идеологија или држава

Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура, 26 јуни

June 26, 2024 08:09
in ES-PRESS-O, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото петиција #StopTorture во 2014 година (архива на ЦИВИЛ)

Фото петиција #StopTorture во 2014 година (архива на ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Универзална декларација за човековите права

Члeн 5: Никој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.

Пред точно десет години, Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортурата со моите колешки и колеги го одбележавме со организирање фото петиција #StopTorture во која, освен нас, учествуваа стотина активистки и активисти, луѓе од медиумите, политиката и јавниот живот. И тогаш и пред и потоа, пишувавме соопштенија за јавноста, новинарски стории и едукативни текстови, говоревме на средби со граѓанките и граѓаните, потпишувавме меѓународни петиции за ставање крај на тортурата…

Во меѓувреме, светот стана уште побрутален.

И на овој 26 јуни се сеќаваме на ужасните жртви на тортура од рускиот агресор во Украина. Буча, Ирпен, Мила, Тетерев, Мотижин, Иванкив, Гостомел… Гратчиња и села во областите Кијив, Харкив, Чернихив, Мариупол… засекогаш ќе останат врежани во сеќавањето. Ипровизираните комори за бездушно измачување и убивање во окупираните територии, „филтрационите“ логори, и секаде каде што окупаторите имаат „лиценца“ да се изживуваат врз недолжните цивили, деца и жени, и врз воените заробеници.

Жртвите на тортура ги наоѓаме и во руските полициски станици и затвори, каде што опозиционерите ја наоѓаат својата смрт, како Навални, а ноторни криминалци, сериски убијци и силувачи се ослободуваат и заминуваат на фронтовите во Украина. Теророт и тортурата беа и останаа главни одлики на руската „култура“ на владеењето дома и војувањето надвор.

Денеска се сеќаваме и на незнајниот број на жртвите од тортура во кинеските концентрациони логори за Ујгурите, тортурата и силувањето во талибанските затвори, ужасното страдање на Палестинците во окупираните територии, ѕверското мачење на затворениците во Еквадор, Иран, Шри Ланка, Етиопија, Сирија, Еритреја, Конго, Турција, Египет, Камерун… насекаде низ светот. Овде се набројани само дел од државите каде што тортурата е вообичаена пракса  во полициските, воените или паравоените структури во тие и во низа други земји.

Безбедноста и потребата за извлекување разузнавачки информации не се единствените „оправданија“ за тортурата. Таа се користи, едноставно, за да се задоволат садистичките пориви на мачителите чии постапки се одобрени, па и охрабрени од командните и раководните структури. Тоа е стратешка одлука, тортурата да се применува како казна и како терор за населението што се таргетира.

За нормален човек е несфатливо како може некој под униформа да спроведе тортура, дури и врз дете, девојка или жена. И да ги измачуваат додека не им згасне животот во најстрашни маки. Но тоа се случува, секаде во земјите набројани погоре и во многу други.

Нема начин да се опишат страдањата на жртвите на тортурата, физичка, сексуална и ментална. Преживеаните жртви на тортурата се опкружени со ѕидови на молкот, особено жените и ЛГБТ лицата. Затоа и не е позната вистинската бројка на жртви ширум светот. Но познато е дека бројот на жртвите расте секоја година.

Немам заклучок, ниту порака во овој текст. На овој ден сум само згрозен од бескрајната нечовечност и суровост што со леснотија се користи во име на некоја идеологија или режим.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

За претходните дози еспресо, КЛИКНЕТЕ ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕМАТА:

Тортурата е злосторство против човештвото: Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура, 26 јуни

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура: Не постои ниту едно оправдување или правна основа за тортура!

Tags: жртвитортурачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ