• Latest

Бектеши: Гасификацијата е од круцијално значење за економијата, во иднина ќе бидеме транзит за гас за другите земји

September 22, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Бектеши: Гасификацијата е од круцијално значење за економијата, во иднина ќе бидеме транзит за гас за другите земји

September 22, 2021 13:27
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

За Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура. Гасификацијата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на панел дискусијата „Улогата на природниот гас во енергетската транзиција“ во рамки на Бизнис форумот кој се одржа денеска во Варшава како дел од Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC).

Министерскиот состанок е во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска во соработка со Атлантскиот совет.

Бектеши, информираат од прес-службата на Министерството за економија, потенцираше дека за обезбедување на прогнозираните количини на природен гас за наредниот период во тек се активности за натамошна изградба на постојниот гасоводен систем во земјата, негово поврзување со регионалните гасоводни системи особено со јужниот гасен коридор, како и отпочнување на преговори за обезбедување на дополнителните количини на природен гас.

– Во последните неколку години ги поставивме енергетските политики во Република Северна Македонија на стабилни основи. Тие гарантираат безбедно и стабилно снабдување со енергенси, но и диверзификација при снабдувањето, кои се базирани на чиста-зелена енергија и кои ќе овозможат одржлив раст на економијата на нашата држава, рече Бектеши.

Како дел од активностите кои веќе се започнати, министерот Бектеши истакнал дека пред три месеци беше потпишан договор за изградба на интерконектор за природен гас со Грција кој што треба да почне да се гради до крајот на годината.

– Изградбата на овој интерконектор за течен гас ќе отвори многу можности за нашата земја, со кои ќе имаме шанса во иднина да се позиционираме како земја која ќе биде транзит за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, а за нашата национална економија ќе обезбедиме диверзифициран извори на енергенси и ќе ја поттикнеме конкурентноста, рече министерот.

Бектеши информираше дека покрај инвестициите во интерконекторот со Грција, веќе се започнати активности за гасно поврзување со Косово, Србија и Албанија што ќе го отвори хоризонтот за подобрување на регионалната соработка и конкурентноста на заедничкиот регионален пазар.

Потсети и дека на почетокот на годината беше потпишан договор со Грција за соработка за изградба на гасниот терминал во Александрополи, каде Северна Македонија ќе поседува 10 отсто од акциите на терминалот, како и учество во изградбата на гасната централа во близина на Александрополи, каде уделот на Северна Македонија е 25 отсто од вкупната вредност

– Конкурентноста на Југоисточна Европа со инвестициите во интерконектори се подобрува, а истите се многу важни и за иднината, за преносот на водород како иден извор на енергија. Во сите сектори до 2030 година планираме да намалиме 51 отсто од емисиите на стакленички гасови, во споредба со нивото од 1990 година, рече тој.

Иницијативата „Партнерство за трансатлантска енергија и климатска соработка (P-TECC)“ е создадена како пат за зголемена соработка помеѓу САД и земјите од Централна и Источна Европа за енергетска безбедност и транзиција кон чиста економија.

На бизнис форумот учествуваат претставници од земји, организации и бизниси од целиот регион, а главна тема оваа година се технолошките иновации, пречките во политиките и бизнис можностите. Главен фокус на овогодишниот министерски состанок е поставување на климатска акција и праведна транзиција кон иднина со низок јаглерод и распоредување иновативни технологии за чиста енергија што создаваат работни места на двете страни на Атлантикот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ