• Latest

Бектеши: Намалување на сметките за струја за најранливите категории граѓани со ниски примања, кои не се приматели на помош

December 30, 2021
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Бектеши: Намалување на сметките за струја за најранливите категории граѓани со ниски примања, кои не се приматели на помош

December 30, 2021 18:21
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон ќе добијат парична помош, односно намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството. Ова го предвидува владината програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, донесена на денешната седница на Владата, информираш денеска на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

За програмата се предвидени 60 милиони денари или околу еден милион евра и според проценките треба да бидат опфатени околу 7.500 домаќинства во времетраење од 12 месеци.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа, за самец до минимална плата, за домаќинство со два члена до 18.000 денари, за домаќинство до три члена до 21.000 денари, за домаќинство со четири члена до 25.000 денари и за домаќинство со пет члена или пак повеќе члена до 30.000 денари.

– Лицата со ниски примања за самец, домаќинство со два члена и за домаќинство до три члена се стекнуваат со намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари месечно, а лицата со ниски примања за домаќинства со четири члена и за домаќинства со пет члена или повеќе члена се стекнуваат со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800 денари месечно, сметано од денот на поднесувањето на барањето, појасни министерот Бектеши.

По десет отсто од вкупните средства ќе бидат наменети за првата, втората и третатата категроија, 50 проценти за четвртата категорија и 20 отсто за петата категорија.

– За реализација на програмата Министерството за економија следниот месец или на почетокот на наредната година ќе распише јавен оглас, а доделувањето на финансиската поддршка, што ќе се врши по принципот на најниски примања во домаќинства во 2021 година во секоја од категориите, се до исцрпување на предвидените средства, изјави Бектеши.

Податоците од решенијата, Министерството за економија, во електронска форма ќе ги доставува до универзалниот снабдувач со електрична енергија на месечена основа за сите корисници на финансиската поддршка и врз основа на овие податоци, универзалниот снабдувач ќе доставува сметки за електрична енергија со намален износ како што е утврдено во решенијата на секој корисник.

Во однос на состојбите на пазарот на електричната енергија, Бектеши информираше, дека во моментот има доволно обезбедени количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со двата блока.

– За месец јануари се планира да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, значи од 10 јануари 2022 година. Истовремено се планира вториот блок во ТЕЦ Неготино или вториот котел да стартува на 15 јануари 2022 година. Со тоа, според најновиот биланс на АД ЕСМ, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство односно без никаков увоз во месец јануари, изјави Бектеши, изразиувајќи уверување дека рестрикции на електрична енергија нема да има во Северна Македонија.

Во однос на цената на електрична енергија која ја објави РЕК денеска, Бектеши, нагласи дека сетот на мерки што ги презема Владата за справување со предизвиците предизвикани од нарушувањата на пазарите на електрична енергија придонесуваат да се обезбедат услови за континуирано снабдување со електрична енергија и цената на електрична енергија на универзалниот снабдувач на ЕВН хом за домаќинствата и малите потрошувачи да биде покачена не повеќе од 10 отсто, односно 9,48 проценти согласно одлуката на РКЕ.

Прашан зошто оваа мерка е толку ограничувачка, Бектеши рече дека ова е мерка само за домаќинствата кои имаат ниски приходи, додека Министерството за труд и социјална политика веќе спроведува мерка со која 36 илјади домаќинства и девет илјади пензионери со ниски приходи веќе 12 месеци добиваат по илјада денари.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ