Американскиот претседател Џо Бајден може да разговара со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, доколку има видлива деескалација во Украина од Русија и јасна посветеност на дипломатијата, изјави директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, на брифинг во Вашингтон, јави дописникот на Укринформ.
„Нема да поставувам предуслови за разговор меѓу претседателот Бајден и претседателот Путин, освен да кажам дека бевме многу јасни и претседателот Бајден беше многу јасен дека треба да има опиплива деескалација од Русија и јасно, искрена посветеност на дипломатијата пред претседателот да има таков разговор“, рече таа.
Бајден претходно изјави дека е отворен за разговор со Путин, иако сè уште го смета за „воен злосторник“ и „касап“. Бајден ја истакна важноста од завршување на војната и обнова на Украина.
Подготвил Д.Мишев