Categories

ЖЕНСКИ ПРАВА Берлин го прогласи 8-ми март за неработен ден

Градските власти на Берлин донесоа одлука Меѓународниот ден на жените – 8 Март да биде неработен ден.

Властите на главниот град на Германија го усвоија текстот што го предложија Социјалдемократската партија (СПД), Зелената партија и Левицата. Советниците во Берлин веќе со месеци расправаа за овој предлог.

Одлуката наиде на критика кај индустриската и трговската комора на Берлин, кои сметаат дека тој неработен ден градот ќе го чини околу 160 милиони евра.

Д. М.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email