• Latest

(Без)перспективноста на Северна Македонија

February 19, 2019

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

(Без)перспективноста на Северна Македонија

February 19, 2019 11:28
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Има за што да (се) пофалиме како општество и како држава. Многу нешта се сменија од студениот декември 2016 година наваму. Но, премногу исти работи останаа исти! Имаме разочарувачки многу причини гласно да се пожалиме и да покажеме со прст. Нема човек што не го мачи бесперспективноста на земја од која си заминуваат огромен број луѓе. Дури и најголемите газди ја креваат веѓата кога ќе видат дека вртоглаво брзо се намалува човечкиот материјал што сакаат да го експлоатираат на секакви начини.

Џабир Дерала

Сепак, прво да се пофалиме… Без капка крв урнавме еден режим што во своите канџи држеше сѐ и не се колебаше да употреби уцена, принуда и сила за да се задржи. Веднаш потоа, посведочивме и го помогнавме фантастичниот, историски успех на македонскиот и грчкиот премиер што, несомнено, заслужува Нобелова награда за мир! Голем е успехот на Зоран Заев и дел од неговиот тим што вложуваат досега невиден напор да ја споделат визијата за едно општество за сите.

Концептот на Заев и неговиот тим „Едно општество за сите“ може Македонија да ја извлече на врвот во регионот, како пример за тоа како едно општество треба и може да функционира. Едно успешно, прогресивно и просперитетно општество! Такво, какво што видовме дека може да се воспостави и да функционира за време на Шарената револуција, #Протестирам, Стоп за полициската бруталност, Студентски пленум и низа други движења и протести што го уриваа режимот, чекор по чекор.

Имавме и интересен начин на избирање на ДКСК. Може веќе сега да се видат потенцијалите во борбата против корупцијата, почнувајќи од Законот за спречување на корупцијата. Гледајќи го Секретаријатот на ДКСК и засега декларативната готовност на новиот состав на ДКСК, имаме причини да бидеме и оптимисти. Претпазливи, се разбира.

Има уште неколку области да се набројат како успешни, како што е работата на министерката Царовска, што во невозможни услови, покажа видливи успеси. Може да се забележат и успесите во работата на неколку градоначалници, како што Максим Димитриевски, Митко Јанчев, Аце Коцевски, Теута Арифи, Борис Георгиевски и неколку други… Прифаќам и контра-аргументи или дополнувања и на драго срце ќе ги објавам.

Добра работа заврши Владата и со Стратегијата за спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот…

Влеговме во НАТО! Ги подобривме односите со соседите, а меѓународната положба на Македонија никогаш не била подобра.

Но, тука некаде би застанал со пофалбите, со ризик да испуштам уште неколку добри работи, но и избегнување на ризикот ова да стане здодевно четиво за читање. Бидејќи, нели, навикнати сме да (се) плукаме… А и секој добар пример покажува дека се може, но не се прави. Затоа што живееме во длабоко корумпирано општество во кое клиентелизмот е начин на живот и размислување.

Што ни недостасува? Решителноста и посветеноста се проблемот. Тој недостаток ќе ја убие и најмалата можност да дојдеме во ситуација да кажеме дека сме на добар пат. Претопувањето на стариот режим во новата власт ќе ја остави земјата во живиот песок на времето и настаните.

Успесите што ги набројав ни оддалеку не се малку, но дали тоа е доволно? И дали само успесите на мал број луѓе се доволни да бидеме задоволни од власта? Во принцип, верувам дека граѓан(к)ите на едно општество не треба никогаш да бидат задоволни од ниедна власт, туку постојано да бараат повеќе и подобро. Овој став, ако ја погледнеме реалноста, ме прави идеалист што е во потрага по невозможното. Но, токму потрагата по невозможното урна еден режим што изгледаше непобедлив. Затоа, ќе продолжам да сонувам и да туркам со сите сили.

Сѐ почесто се прашувам дали имаме некакви изгледи да се извлечеме погубната спирала на омразата и поделбите, национализмот што оди рака под рака со екстремизмот, криминалот и насилството… А очигледно е и тоа дека капацитетите на оние кои треба да ги спроведат сите овие прогресивни концепти не се на високо ниво. Па нека имаат и добра желба…

Граѓанските организации станаа тампон зона меѓу институциите и обичните смртници како нас. Ги запоседнаа влезовите во процесите, седнаа на удобните фотелји во работните групи за сенешто и го искривуваат одразот во огледалото. Медиумите беа дури и побрзи во тоа.

Што очекувам од остатокот на оваа 2019 година…?

Очекувам дека ќе имаме многу грд процес за избор на претседател на Република Северна Македонија, а можеби уште еден изборен процес, ако пропадне овој во мај. Тоа ќе биде период во кој политичките лидери, малку затскриени зад параваните на успехот со НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ и други (полу)успеси, едноставно, нема да му одолеат на предизвикот  да направат уште еден изборен циркус. И така, можно е да имаме двојни избори пред крајот на годината, доколку не се случи промена во трендовите за кои неколкумина говорат цело време.

Не очекувам подобрување ниту во борбата со корупцијата, особено не во коруптивното владеење. Не очекувам дека ќе се намали интензитетот на скандалите кои ги гледаме речиси секој ден. Затоа што (нели) режимот се претопи во новата власт… Затоа што осомничени криминалци ја претставуваат Македонија во европските и светските институции.

Не очекувам дека концептот „Едно општество за сите“ ќе заживее во својата полна светлина, бидејќи тој концепт има многу непријатели што ќе пружат жесток отпор. Мислам дека, сепак, ќе останеме на „едно општество за сите етнички заедници“, „за сите политички партии“, „за сите партиски солдатески“, „за сите криминалци“…

Не очекувам дека почетокот на изградбата на новиот модерен Клинички центар ќе значи подобрување на здравствената слика на оваа нација, што и да му значи тој збор некому.

И не очекувам дека некој ќе седне да ги ревидира оние глупави учебници од кои учат нашите деца секој ден.

Очекувам дека, сепак, едно цврсто јадро од активист(к)и за човекови права и слободи ќе ја продолжи борбата за сериозни промени во општеството. Очекувам дека ќе продолжи борбата против коруптивното однесување на политичките елити. Очекувам да им ја треснеме вратата на оние што се кријат зад фирмата „политичка партија“. Очекувам да продолжи пресметката со ненаситната булумента што гледа политичка и финансиска корист во секого од нас. Очекувам да ги намалиме вошките, гнидите и другите инсекти оваа година.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share69Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ