• Latest
фото: МИА

Беса Адеми: Правна држава со функционален систем и правда достапна за сите

March 12, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Беса Адеми: Правна држава со функционален систем и правда достапна за сите

March 12, 2021 11:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Како долгогодишна судијка со професионална кариера градена низ судските скалила, свесна сум со предизвиците со кои ќе се соочам, но правната држава мора да има целосен и функционален систем, а тоа е еден од моите приоритети како претседател на Врховниот суд, каде ќе се гарантира правдата да биде достапна за сите граѓани и во државата да владее правото и правдата, како и почитување на слободите и правата на граѓанинот, изјави судијката Беса Адеми, која денеска пред Судскиот совет даде свечена заклетва како претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

– Се обврзувам пред јавноста заедно со моите колеги од Врховниот суд, како и со останатите судови за кои Врховниот суд има надлежност, да ја вратиме довербата на граѓаните во судскиот систем. Заеме дека тоа е сложен долготраен процес, но ние сите сплотени заедно ќе работиме за да го забрзаме тој процес и да го унапредиме, изјави судијката Адеми.

Таа пред членовите на Судскиот совет даде свечена изјава со која, како што потенцира, се обврза дека функцијата претседател на Врховниот суд на РС Македонија ќе ја извршува совесно, чесно и одговорно и со тоа гарантира со нејзиниот личен и професионален интегритет.

– Како претседател на Врховниот суд на РС Македонија според статус и функција, прв судија меѓу еднаквите, во согласност со надлежностите предвидени во Уставот, Законот за судови, судскиот Деловник, како и Деловникот за работа на Врховниот суд, максимално ќе бидам посветена во извршувањето на претседателската функција имајќи предвид и фактот за незавидната состојба на нашето судство, рече претседателката на Врховниот суд Адеми.

Судскиот совет на 12 февруари годинава со 12 гласа „за“ и еден против ја избра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Во конкуренција за прв човек на Врховниот суд беа и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова, која неколку дена подоцна беше разрешена од судиската функција.

Беса Адеми е родена на 23.1.1964 година во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Албанка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 година. Правосуден испит положила во Скопје на 8.4.1993 година.

Адеми на 15.12.1990 година започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 година била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 година до 14.6.2004 година работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 година е избрана за судија во Апелацискиот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ