• Latest

Бесими: Се планира данок за екстра профит

December 25, 2022

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Се планира данок за екстра профит

December 25, 2022 16:39
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со стопанските комори се води дискусија за нов, вонреден данок на екстра добивка, по примерот на европските земји. На тие компании што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите, порачува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во интервју за Радио Слободна Европа, тој нагласува дека целта на даночната реформа е да воспостави даночен систем што ќе овозможи одржлив, инклузивен и забрзан економски раст.

Даночната реформа не беше само за фискалните приходи, туку се базира на стратегијата за даночна реформа кога беше донесена од страна на Владата уште во декември 2020 година, каде главни цели на таа реформа е да се воспостави еден даночен систем кој ќе овозможи одржлив, инклузивен и забрзан економски раст, врз основа на нови технологии и подобрување на ефикасноста во даночниот систем. Како приоритетни аспекти, области и принципи на таа стратегија беа правичност на даночниот систем, ефикасност, ефективност и транспарентност, како и зелениот концепт на даночниот систем, истакна Бесими.

Во првата фаза на реформите, додава министерот, се презентирани реформите на даночната политика, односно на три даноци – данокот на личен доход, данокот на додадена вредност и данокот на добивка.

Пристапот за да се обезбеди поголема правичност беше да се зголеми даночната база, а притоа да не воведеме нови даноци и зголемување на постојните даночни стапки. Даночната база се предлага да се зголеми на две основи: едниот основ е намалување на сивата економија, за што имаме посебна стратегија за сива економија и вториот аспект е преку намалување на таканаречените даночни трошоци или ревидирање на листата на даночни ослободувања. После расправата има ревидирање на неколку мерки и вкупно некаде околу 76 милиони евра е сега фискалниот ефект на овој пакет што е во Собрание на гласање, прецизира Бесими.

На прашањето зошто се укинува даночното ослободување за малите фирми кои имаат приход до три милиони денари, а не се воведуваат нови даноци за фирмите кои оствариле милионски профити и дали се плашат да ги оданочат богатите, министерот за финансии вели дека тоа не е така.

Апсолутно не. Не мислам дека тоа намерно некој го прави, туку заради временско коинцидирање. Значи даночната реформа е во пакетот што го објаснивме, тука спаѓа и намалување на сивата економија итн. Од тој аспект, во овој дел каде што досега се предлагаат до шест милиони денари приходи имаат опција на оданочување на приходот на еден отсто од приходот или данокот на добивка од 10 отсто. Покрај тоа сите придобивки од даночни ослободувања за реинвестирана добивка остануваат. Тоа што во одредена мера постоеше како ситуација дека се користи можноста да се регистрираат неколку мали правни субјекти кои се под три милиони, а со цел да не се плати данок, од тој аспект, тој дел се разрешува на овој начин. Малите фирми имаат други програми кадешто се поддржуваат нивните инвестиции. Инаку во тој дел што се споредува ова со тоа со екстра профити и даноци, тоа е друга тема, нагласува Бесими.

Прашан дали се размислува за воведување даноци на екстра профити вели дека веќе најавиле.

Да, ние веќе тоа го најавивме, јас веќе имав состанок со стопанските комори, ќе имаме уште еден состанок, консултација со нив, и тоа е друг дел, тоа не е дел од даночната реформа. Дискусијата што сега се води со коморите е во однос на посебен, нов вонреден данок, а тоа е данок на дополнителна екстра добивка, што значи дека по примерот на другите земји, како Велика Британија, Италија, Унгарија, Хрватска итн, дури има и директива, препорака од земјите членки на ЕУ, земјите да оценат и да го користат тоа во вид на солидарност. Тоа што ние сега го дискутираме со стопанските комори е дека во последните четири години оние компании што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво и ќе се спореди нивната добивка во текот на 2022 година и делот што е остварен над 20 отсто во последните четири години, само тој дел ќе биде предмет на оданочување со овој нов данок, еднократен, само за 2022 година, и нема да се повтори. Годините каде што немаат остварено добивка не се земаат предвид за оданочување, посочува Бесими во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Tags: БесимиДанокекстра профитинтервјуРСЕстопански комори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ