Откако го попушија од Русија, која пред некој ден го призна новото официјално име Република Северна Македонија, Јанко Бачев и Филип Петровски тргнуваат во поход на Европа.
Во име на Македонците во Швајцарија, „Здружението на Македонските друштва“ во Швајцарија, организира македонска информативна вечер на која главни гости ќе бидат токму Петровски и Бачев. Според организаторите, гостите се поканети со цел подобро да ја објаснат ситуацијата во Македонија, со добро расположение со македонска музика отсвирена од групата „String Art“ и се разбира добра скара. И сето тоа за само неверојатни 10 франци. Доколку имате дете под тринаесет години на кое под итно му е потребна лоботомија, се подразибра дека организаторите имаат предвидено бесплатен влез.
Се очекува Петровски преку гестикулации со мрсните рачиња од чистење ребра, да го изрази својот револт зошто Државната изборна комисија не ја прифати неговата кандидатура за претседател на Земјата. А Бачев, во својот познат стил, зачинет со остатоци од вкусната скара на неговата брада, најверојатно ќе говори за предавството што мајка Русија ѝ го направи на нашата земја. Сѐ на сѐ, „ол екслузив“…
М. Ивановска