Со новите безбедни паркинг места најранливите групи на граѓани како што се децата и бремените жени ќе бидат заштитени во јавниот сообраќај. Ова е имплементација што се реализира преку проектот „Безбедни семејни зони“, а како што истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, целта е подигнување на јавната свест, но и културата на возење.
Спасовски на денешната прес-конференција на која го промовираше овој проект, посочи дека истиот овозможува дефинирање на безбедни семејни паркинзи во кои ќе можат да паркираат бремените жени или родители на деца до тригодишна возраст.
Проектот е изработен и исплементиран од страна на Автомотосојузот на Македонија со поддршка на Факултетот за безбедност, Градот Скопје и ЗЕЛС.
– Сакам да го изразам моето задоволство што денеска имавме можност да промовираме почеток на целосна имплементација на втората фаза од овој проект за безбедни семејни паркинг зони. Тоа е практично мултисекторска соработка еден проект што е изработен и исплементиран од страна на Автомотосојузот на Македонија со поддршка на Факултетот за безбедност, Градот Скопје и ЗЕЛС, и Министерството за транспорт и врски и Министерството за внатрешни работи се со цел сите заедно да работиме на подобрување на безбедноста на сообраќајот, подигнувањето на јавната свест и подигнувањето на културата на возење и управување со моторни возила во државата, рече Спасовски.
Тој додаде дека овој проект сега е во фаза на импементација целосно во градот Скопје, а ќе продолжат со имплементација и во другите градови во Велес, Куманово, Охрид… се со цел на територијата на целата држава да го имплементираат проектот и на тој начин да се крене безбедноста во сообраќајот.