По реакциите во јавноста за поставувањето на Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, за советник во Владата, ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните на Скопје дали би прифатиле да му бидат советници на Заев и што би го советувале?
Дел од нив велат дека не би прифатиле да станат советници. „Не знам што би го советувала, затоа што очигледно на сите македонски политичари им е битно да стигнат на власт, никакви совети не ги интересираат“, „Не би прифатил да му бидам советник на Заев затоа што сум припадник на друга партија и други идеологии“, „Никако не би бил советник на Заев“ и „Не би советувал никого ништо, што да советувам…“ се дел од нивните одговори.
Дел од нив велат дека би прифатиле за добра плата. „Сигурно би прифатила за подобра плата од мојата. Би го советувала малку повеќе да се обрне внимание на малцинските заедници во Македонија“, вели една граѓанка.
„Ако ми даде пари зошто да не? Кој дава пари со него… како Амди Бајрам исто. Кој дава пари со него сме!“, вели еден граѓанин.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента