Ремзије Билали, новинарка и активистка од Куманово, учествуваше на работилницата „Граѓанска повeлба-Што има тука за мене?“ во организација на ЦИВИЛ. По запознавањето со повелбата како глобален документ што може да помогне во подобрување на меѓусекторската соработка и партерство меѓу локалната власт, граѓанското општество, медиумите и бизнис заедницата, Билали ја потпиша со целосна поддршка кон нејзините заложби.
„Учеството на граѓаните подразбира полна соработка меѓу нив и институциите, политичките партии и невладините организации. Ваквата соработка влијае на подигнување на нивото на свест кај граѓаните особено да нема етнички, верски или други разлики меѓу нив. Ова е една од главните точки што треба да се имплементираат во секој град и на државно ниво за да имаме меѓусебна толеранција, хармонија, соработка и еден подобар живот“, изјави новинарката Ремзије Билали.
„Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ ќе продолжи да ја промовира Граѓанската повелба на еден поинаков начин. Целта на проектот е засегнатите страни во граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии да се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.
Проектот „Граѓанска повелба-Што има тука за мене“ е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов