• Latest

Бирото за развој на образованието: Во медиумите се пласираат погрешни информации за новите наставни програми:

August 10, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Бирото за развој на образованието: Во медиумите се пласираат погрешни информации за новите наставни програми:

August 10, 2022 12:30
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

По објавите во некои медиуми дека според новите наставни програми за основно образование децата во второ одделение ќе учат за идентитети, Бирото за развој на образованието (БРО), кое деновиве ги објави наставните програми за второ и петто одделение, реагира дека се пласираат погрешни информации. Од БРО велат дека фокусот се става на националните стандарди наместо на резултатите од учење конкретизирани преку стандардите за оценување во секоја одделна наставна програма, пренесува МИА.

– Националните стандарди се состојат од знаења, вештини и ставови, односно вредности базирани на осум подрачја на клучни компетенции за доживотно учење кои учениците треба да ги стекнат до крајот на основното образование. Во процесот на образованието, секој наставен предмет во секое одделение, како и воннаставните активности во училиштето, учествува, согласно возраста на учениците и спецификите на наставниот предмет, во стекнување на тие компетенции. Во секоја наставна програма од конкретен предмет прецизно е наведено што ученикот/ученичката треба да научи по тој предмет во даденото одделение. Тоа се гледа преку резултатите од учење и стандардите за оценување наведени во наставната програма, посочува Бирото.

Доколку се погледнат наставните програми за второ одделение, појаснуваат од БРО, во стандардите за оценување и понудените активности најдиректно може да се препознаат трите водечки принципи на новата Концепција: принципот на родова сензитивност/рамноправност, принципот на инклузивност и принципот на интеркултурност.

– Така на пример, во наставната програма по Општество за второ одделение (страници 6-10) наведен е следниот резултат од учење: „Ученикот/ученичката ќе развива свест за почитување на различности врз основа на пол, јазик и можности“, кој се очекува да биде постигнат преку конкретни стандарди за оценување (пр.: „Препознава ситуации на нееднакво постигнување со момчиња и девојчиња во училиште.“ и „Наведува примери за почитување и непочитување на разликите во различни контексти.“) и серија од понудени активности прилагодени на возраста на учениците, кои овозможуваат самите ученици да изведат заклучоци во врска со родовата рамноправност, укажува БРО.

Бирото заедно со МОН апелира да не се прифаќаат и шират лажни вести кои, како што додава – „се дел од секојдневието во нашата држава“ и повикува „сите заинтересирани страни да побараат релевантни информации од стручните тимови на надлежните институции наместо самите да толкуваат или пренесуваат статуси од социјалните мрежи“.

– Токму затоа, една од носечките цели на новите наставни програми и наставните методи е да ги научат учениците од рана возраст критички да размислуваат кога примаат и обработуваат информации, наместо да веруваат во секоја информација која ќе ја слушнат, без оглед на тоа дали е добронамерно или злонамерно пласирана. На тој начин, основното образование ќе овозможи идните возрасни граѓани да бидат поотпорни на политички или друг вид манипулации, велат од Биро за развој на образованието.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ