• Latest

Бислимовски: Поевтинуваат горивата, ја намаливме цената за 30 денари во последните недели

December 12, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Поевтинуваат горивата, ја намаливме цената за 30 денари во последните недели

December 12, 2022 12:07
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска информираше дека во изминатите недели цената на горивата се намалила за повеќе од 30 денари.

-Во последните две-три недели, пред се заради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и поради намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на горивата за повеќе од 30 денари. И денеска ќе има намалување на дизелот за 1,5 денар по литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 исто за 1,5 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар. Секогаш повикуваме да се верува на институциите. Нашите одлуки се базирани на методологии. Очекувам тие што ме ставија на билборди јавно да се извинат и да престанат со неосновани напади врз РКЕ, рече денеска Бислимовски на прес-конференција.

Тој очекува да продолжи трендот на опаѓање.

-Сето тоа што се случува на светските берзи, го рефлектираме на нашите одлуки. Да се надеваме дека трендот ќе продолжи и ќе се одржат овие цени. Ние не измислуваме цени и работиме под стриктно утврдени методологии, истакна Бислимовски.

Петта година по ред Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е оценета со прво место за најдобар регулатор од страна на Секретаријатот на енергетската заедница. Во Годишниот извештај за 2022 година РКЕ е прогласена за најдобар регулатор, заедно со регулаторот на Црна Гора и Грузија со 80 % спроведени реформски процеси.

Рангирањето за најдобар регулатор е во конкуренција на мониторирани вкупно девет регулатори и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина.

Дополнително во Извештајот е потенцирано како загрижувачко мешањето (интервенциите) на Народниот правобранител во независната работа на Регулаторот во поглед на начинот и висината на одредувањето на тарифите.

-Единствено што е тажно, ако можам така да го дефинирам човечки е тоа што и меѓународните институции ги детектираат обидите за нарушување на нашиот интегритет од страна на т.н експерти кои даваат мислења и ставови по прашања за кои немаат надлежност, а ни основно познавање, туку само сакаат да постигнат публицитет, додаде Бислимоски.

С.Т

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бислимовскигориванамалена ценарегулаторнаРКЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result