• Latest
Фото: миа.мк

Битиќи: Ако повторно има вештачко зголемување на цените граѓаните ќе бидат згрижени

March 23, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Ако повторно има вештачко зголемување на цените граѓаните ќе бидат згрижени

March 23, 2023 14:05
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не стравува дека по предвидениот период за замрзнати цени на дел од прехранбените производи  ќе се врати, како што вели, старата практика на вештачко зголемување на цените. Доколку се случи тоа, порачува дека граѓаните ќе бидат згрижени и Владата нема да ги остави да ја плаќаат највисоката цена.

-Во пазарна економија мора да се однесуваме пазарно. Веќе доаѓаат првите позитивни сигнали од компаниите дека сме тука за да ја надминеме заеднички кризата и не стравувам дека по перидот на замрзнување на цените ќе се врати старата практика на вештачко зголемување на цените на начин како што беше направено одреден временски период, изјави Битиќи, на новинарско прашање по посета на фабрика во Куманово.

Според Битиќи, на компаниите веќе им е сосема јасно дека мора да се однесуваат морално и етички во услови на криза.

-Тоа што цело време повикувавме дека мора да има општествена одговорност, мора да  има морално и етичко однесување на компаниите на пазарот, сметам дека веќе им е сосема јасно. Но, ако се случи спротивното, како Влада нема да оставиме граѓаните да ја плаќаат највисоката цена. Тие ќе бидат згрижени, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој го повика Пазарниот инспекторат да ги провери информациите дали во Куманово и Кумановско се продава леб по замрзната цена од 33 денари но со помала грамажа од утврдената со одлуката на Владата.

-Замрзнувањето на цената на лебот од 450 грама по 33 дена не е направено за да нанесе штета на производителите, туку да ги заштити потрошувачите, а секако во таа цена има одредена добивка. Ако има такви информации го повикувам Пазарниот инспекторат во Куманово и Кумановско да проверат дали навистина се продава леб по помала грамажа, а по цена од 33 денари, изјави Битиќи.

Секое замрзнување на цена, дали е на лебот, јајцата, тестенините… повтори вицепремиерот, не е на штета на компаниите.

-Компаниите се згрижени, можеби нема да продаваат со такви маржи  какви што би сакале, но секако имаат предвидена маржа во цената. Донесени се и ќе бидат донесени во интерес и за заштита на граѓаните, рече Битиќи.

Со одлуки на Владата, од 28 февруари е замрзната цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, од 16 март и цените на дел од млечните производи и тестенините каде намалувањето на цените изнесуваше 10 односно 15 отсто, а од вчера е замраната и цената на јајцата и на оризот на износот по кој се продаваа овие производи на 15 март. Замрзнатата цена за лебот, тестенините и на млечните  производи важи до крајот на мај, а на јајцата и оризот до крајот на април.

Министерството за земјоделство веќе подготви анализа и за цените на овошјето и зеленчукот, а  одлуката ќе ја носи Министерството за економија согласно со Законот за трговија.

Следните одлуки за нови прехранбени производи кај кои би се интервенирало со замрзнати цени, како што изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, зависи од анализата во Министерството за економија.

-Доколку има производ што ги исполнува условите тогаш нормално Владата ќе донесе одлука, доколку нема, Владата нема да донесе одлука, рече Ковачески.

Стопанските комори завчера и порачаа на Владата да престане со замрзнување на цените и да најде други механизми за помош на граѓаните како што се намалување на даноците и на ДДВ-то и да се интервенира преку државните резерви.  Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, посочи дека се отворени за сите конкретни но одржливи предлози

Tags: замрзнати цениФатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ