• Latest
Јаким Неделков, претседател на СОНК и Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг

Битиќи контра Неделков: Владата не е против покачување на платите, но синдикатот мора да ги почитува договорите

April 11, 2022
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Битиќи контра Неделков: Владата не е против покачување на платите, но синдикатот мора да ги почитува договорите

April 11, 2022 14:43
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Јаким Неделков, претседател на СОНК и Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг

Јаким Неделков, претседател на СОНК и Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска започна голем штрајк во образованието. Штрајкот очигледно е започнат, а не им се даде шанса на преговорите од страна на СОНК од каде почнаа со штрајкот иако имаше апели да продолжат разговорите, вели за Утрински брифинг Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

– Во некои општини има настава. Поентата е да не се жртвува образованието на децата кои веќе две години беа лишени од воспитно-образовен процес. Ние возразните би требало да бидеме поразумни, вели Битиќи.

Битиќи вели дека ние како општество поминуваме низ процеси кои не се случувале порано, се дава шанса за разговори и преговори. Преговори не значат да се постави ултиматум, а така беше и со првиот состанок за минимална плата кога синдикатот излезе со барање и рече дека нема отстапување па тогаш зошто би преговарале, коментира Битиќи.

– Прво беше зголемување на минималната плата, второ беше усогласување на платите со минималната во рок од шест месеци и за тоа се согласи и СОНК кој сега штрајкува. На преговори се договоривме за тие шест месеци период и СОНК се согласи, а три дена по почнувањето на минималната плата СОНК прогласува штрајк, вели Битиќи.

Во разговорот со министерот Битиќи се вклучи и претседателот на СОНК, Јаким Неделков според кого сите синдикални организации кои што членуваат во СОНК, како и оние кои што доброволно сакаат да се приклучат кон штрајкот ќе штрајкуваат.

– Сметам дека штрајкот не е избрзан туку задоцнет. Тоа е од причина што ова е финишот од недоразбирањата во однос на примената на Законите и колективните договори. Ова прашање го актуелизираме наназад 4 години. Не би сакал да се политизира социјалниот статус на дејностите кои ги застапуваме. Уште од 2017 и 2018 година почнавме со протести и сметаме дека мора да се применува Законот за минимална плата. Затоа прашувам зошто толку време не се усогласени платите, па да поверувам дека за шест месеци ќе се усогласат, вели Неделков.

-СОНК докажа дека сака да седне и да преговара и да се остварат правата. Не сакаме да се добие впечаток дека по секоја цена сакаме да штрајкуваме. Ние протестираме, штрајкуваме за непочитување на Законите и колективните договори, вели Неделков за Утрински брифинг.

Неделков вели дека очекува деновиве да се седне со Владата и да се најде заедничко решение во однос на зголемување на платата. Мора да се најде системско решение, вели претседателот на СОНК.

Битиќи се согласува со СОНК дека е задоцнета мерката на усогласување на платите веќе 20 години.

– Ние како Влада не сме против покачување на платите. Подобрувањето на животниот стандард на граѓаните е највисок приоритет на оваа влада. Рековме дека ќе има и усогласување, но треба да сме свесни за состојбите, вели Битиќи за Утрински брифинг.

Нареден чекор на Владата е продолжување на преговорите, вели Битиќи, но кревањето на очекувањата во ваков период на кризи кога има голема неизвесност, не е соодветно.

– Владата ги презема и мора да ги преземе мерките да ја сочува макроекономската стабилност. Ако минималната плата се зголемува 18 отсто, а инфлацијата е 8 отсто тогаш тие пари сѐ уште вредат. Треба системско решение да се најде кое ќе ги задоволи двете страни. Ние зборуваме за целиот јавен сектор од 140 илјади луѓе и тоа прашање мора системски да се реши. Уште вечерва веројатно ќе седнеме да разговараме, вели Битиќи.

– Не ни е целта да по секоја цена да штрајкуваме. За преговори сме секогаш отворени. Системското решение е второ по однос на прекинување на штрајкот, прво е зголемување на платите. Ова е не е закана или уцена. Во секој случај имаме разбирање во каква ситуација е буџетот и не би оделе со максималистички барања. Отворени сме за соработка, коментиира Неделков за Утрински брифинг.

Луѓето од јавниот сектор се 24 отсто од сите вработени, вели Битиќи и додава дека никој не ги прашува за мислење оние 76 отсто дали да им се зголемат платите. Рационализација и реформи во јавниот сектор се случуваат во време кога нема криза, но прво почна ковид-кризата, па другите кризи и не успеавме да го реализираме планот што го имавме за реформи на администрацијата, вели Битиќи за Утрински брифинг.

– На сите треба да ни е јасно дека следните месеци ќе бидат тешки месеци. Цената на електричната енергија е висока, а ние мораме да најдеме начин да го субвенционираме тоа, вели Битиќи.

Владата мора да се насочи кон субвенционирање на земјоделството и тоа е нужно за да се обезбеди храна, појаснува Битиќи. Тој додава дека се зголемени површини на кои се одгледува жито, а зголемен е и сточниот фонд.

Во врска со генералните секретари на Владата кои завршија во притвор, Битиќи вели дека треба да се почитува пресумпцијата на невиност, а владеењето на правото не може да биде половично, правото важи за сите и независно кој на која позиција е ако некој згрешил ќе треба да се испита случајот.

– Не е добро чувството, сеедно за кого станува збор, оти се фрла сенка врз работењето на целата Влада, вели Битиќи за Утрински брифинг.

Целиот разговор во видеото.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ