• Latest

Битиќи: Кризата ја видовме како можност и затоа рекордни 70 милиони евра беа искористени за поддршка на домашни или странски инвеститори

June 23, 2021

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Кризата ја видовме како можност и затоа рекордни 70 милиони евра беа искористени за поддршка на домашни или странски инвеститори

June 23, 2021 15:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата од пандемијата со Ковид -19 ја видовме како можност и затоа во такви услови имавме рекордна година во редовните програми за инвестиции во последните 30 години при што речиси 70 милиони евра беа искористени за поддршка на домашни или странски инвеститори и поддршка на инвестиции. Првпат се  случи да имаме 100 процентна поддршка за преземените обврски иако законски можеше да биде многу помала.

Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на панел дискусијата на тема „North Macedonia’s Economic Recovery Post Pandemic“ во рамки на Економскиот форум Скопје што денеска се одржува во скопскиот хотел Александар Палас во организација на Делфи Економскиот Форум заедно со Грчката бизнис асоцијација во земјава.

-Кога се споредуваме со останатите земји мислам дека добро постапивме во кризата. Сметам дека тоа што го направивме низ целиот период на економската и здравствената криза даде можеби и повеќе од тоа што како позитивен ефект на економијата го очекуваа и најголемите оптимисти. Тоа ни дава можност да зборуваме за позитивни резултати, бидејќи скоро сите статистички податоци укажуваат на тенденција на заздравување на економијата, рече Битиќи.

Како Влада, додаде, зборувавме за регионална конкурентност наспроти регионалната конкуренција што значи  нов и практичен чекор како да ги искористиме потенцијалите на креирање на вредносниот синџир кој произлегува од можноста која се појави заради пандемијата – да бидеме дел од вредносниот синџир на другите поразвиени економии.

-Одговор на поттикот да размислуваме пошироко беше Интервентниот план за инвестиции кој е еден опсежен план за наредните седум години што би требало уште повеќе да го забрза растот на нашата економија, посочи Битиќи.

Разликата во проекциите за растот со Централната банка,како што истакна, се должи на неможноста за предвидување на периодот за закрепнување на економијата и како пример ја посочи авиоиндустријата во светски рамки која закрепнува многу побрзо од предвидувањето.

-Сметам дека закрепнувањето ќе биде многу побрзо од што очекуваме. За растот на БДП има три параметри – работната сила, продуктивноста и физичкиот обем на капитал и токму затоа е Интервентниот план за инвестиции со кој даваме предлог во наредните пет до седум години да има значително голем обем на приватни и јавни инвестиции и даваме можност за алтернативно финансирање на јавните инвестиции, рече Битиќи.

Прецизира дека Интервентниот план за инвестиции и мерите за поддршка на инвестиции се направени за да дефинираат на среден и долг рок промена на структурата на економијата и зголемување на поддршката на производствената индустрија.

Министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека е вообичаено да има разлика меѓу проекциите на Владата и Народна банка и додаде дека е природно НБ да биде поконзервативна.

-Без разлика на проекциите ние во континуитет се координираме за бројките. Приходната страна на Буџетот има поголемо остварување на приходите и вкупните приходи до 21 јуни се за 14,5 отсто повисоки од минатата година кога до средина на март немаше Ковид-19. Даночните приходи се повисоки за 19,3 отсто, а придонесите за 5,8 во споредба со минатата година. Токму тоа се и причините за ребалансот на Буџетот кој беше најавен за средината на годината уште кога се правеше буџетот. Со ребалансот се даваат дополнителни средства за да продолжат субвенциите за поддршка на економијата во време на Ковид-19 и се зголемуваат капиталните расходи за 27 проценти во споредба со иницијалниот буџет. Предвидени се и средства за поддршка на здравствениот сектор и за вакцините, рече Бесими.

Истакна дека Буџетот е во добра кондиција и може да ги поддржи амбициозните политики за поддршка на економијата.

-Сега целта не е само да се спасат фирмите што имаат загуба, туку да се поддржат и тие што остваруваат профит со цел да направат нови инвестиции и да креираат нови работни места, посочи Бесими и додаде дека дефицитот ќе се финансира половина со домашно и половна со надворешно задолжување.

Нагласи дека даночната политика треба да служи на моделот на раст и да ги поддржи факторите што носат раст на економијата.

-Даночните реформи што се започнати се во таа насока и треба да бидат ефикасни и праведни. Паралелно работиме и на намалување и сузбивање на неформалната економија, подобрување на наплатата и системот на наплата и квалитетот на даночните услуги за даночните обврзници, а зелените даноци, кои се тренд на глобалната економија, се за поддршка на инвестиции кои значат забрзан и одржлив раст, рече Бесими.

Гувернерката Анита  Ангеловска Бежоска посочи дека од големо значење за нашата економија е закрепнувањето на европската економија зашто како што рече ние сме број еден по отвореност на економијата во регионот на Западен Балкан и број пет во целиот регион на Централна и Југоисточна Европа.

-Нема дилема дека закрепнувањето на глобалната и на европската економија ќе биде клучниот двигател и на закрепнувањето на нашата економија. Во глобални рамки сега за сега има позитивни очекувања и се правата нагорни ревизии на очекувањата за раст. Кога НБ ги изготвува проекциите за нашата економија поаѓаме од очекувањата на нашите најзначајни трговски партнери и затоа предвидуваме раст од 3,9 отсто за годинава и за наредната, а на среден период очекуваме раст од близу до потенцијалот на нашата економија кој сега за сега го проценуваме на околу 4 проценти, рече Ангеловска Бежоска.

Нагласи дека сега централните банки реагираа побрзо за разлика од големата економска криза и додаде дека имаше поизбалансирана и подобро координирана поддршка со фискалната политика.

-Како Централна банка преземавме огромен број на стандардни и нестандардни мерки за поддршка на кредитната активност. Како Централна банка бевме во можност да спроведуваме релаксирана монетарна политика од самиот почеток на кризата и имаме намалување на каматните стапки во банкарскиот систем што позитивно влијаеше на кредитната активност, рече Ангеловска Бежовска.

Нагласи дека мерките и координираниот пристап на ностиелите на политиките дадоа резултат.

За потпретседателот на Стопанската комора Зоран Јовановски клучно ќе биде летово да се спроведе брза и ефикасна масовна вакцинација.

-Само така ќе знаеме дека економското опоравување кое е започнато е поставено на здрава и одржлива патека. Важно е да продолжи и поддршката на инвестициите. Добар дел од компаниите преживеаја заради поддршката за исплата на плати. Мерките помогнаа на приватниот сектор и го олеснија животот во текот на пандемијата, но пандемијата ќе потрае и на крајот на годинава нема да бидеме таму каде што бевме во 2019 година и затоа ќе биде многу важно што ќесе прави годинава и во периодот што следи, рече Јовановски.

Претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер како клучни ги оцени борбата со сивата економија и спречувањето на миграцијата на вработените.

Според него, не е можен раст на БДП во услови кога добрите работници ја напуштаат земјава. Порача дека треба да се направи анкета дали причина за тоа е животниот стандард, платата или условите за работа и нагласи дека е клучен да се спречи одливот на младата работна сила. За зголемување на извозот, како што рече, не помага  неработната недела и истакна дека земјава треба да прави свои брендови како што е ајварот, но и да работи на развој на туризмот преку претставување  на туристичките потенцијали.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ