„Целината е поголема од збирот на нејзините делови.“Нашето „Едно општество за сите“ е таа целина која ја прави нашата татковина, дом за сите!
Овие пописни резултати ќе ги искористиме токму за тоа, за да продолжиме да ја развиваме, за сите нас, сите ние, заедно, за нашата држава!, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на неговиот фејбук-профил, каде што имаше видео обраќање по повод објавувањето на резултатите од Пописот.
Пописот ни дава сет на бројки и проценти, но нивното значење надвор од хартијата, во нашето општествено живеење значат многу. Не за да не поделат во колонии, не за да не означат во припадност, туку да ни дадат слика за нашата држава, рече Битиќи во видео обраќањето на Фејсбук
Д.Мишев