• Latest

Битиќи: Обезбедивме сигурно снабдување со струја за домаќинствата и малите потрошувачи, одобрени над 1 милијарда евра инвестиции во обновливи извори на енергија

January 11, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Обезбедивме сигурно снабдување со струја за домаќинствата и малите потрошувачи, одобрени над 1 милијарда евра инвестиции во обновливи извори на енергија

January 11, 2022 12:47
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“, која се емитува на електронскиот медиум „Слободна ТВ“, на која зборуваше за актуелни политичко-економски прашања, како и за активностите на Владата поврзани со справувањето со енергетската криза која ја зафати Република Северна Македонија и поголемиот дел од Европа.

Во однос на стратегијата на Владата за справувањето со кризата во енергетскиот сектор, вицепремиерот истакна дека се прават максимални напори и се обезбедени финансиски средства за да се максимизира производството на електрична енергија од домашни извори и на тој начин да се заштитат домаќинствата и малите потрошувачи.

„Има две главни прашања кои се однесуваат на финансиска поддршка за справување со енергетската криза. Финансиската поддршка, за производство на електрична енергија и стабилност на електро-енергетскиот систем, сметам дека е нужна и тоа се прави. Започнавме со обезбедување на финансиски средства минатата година, продолжуваме и во 2022 година и тоа го правиме за да обезбедиме снабдување на електрична енергија за секое едно домаќинство и за малите потрошувачи согласно со законските прописи“, нагласи вицепремиерот, пришто посочи дека второто прашање се однесува за набавката на електрична енергија кај поголемите потрошувачи, кои се најчесто приватни компании, а кај кои трошоците за набавка на електрична енергија и останати енергенси изнесуваат околу 5% од вкупните трошоци, во најголем дел од компаниите.

Битиќи се осврна и на барањата на компаниите кои се одговорни за снабдување со топлинска енергија на граѓаните на град Скопје, при што потенцираше дека Владата сериозно ги разгледа нивните барања за финансиска поддршка и овозможи користење на финансиски инструмент по поволни услови преку Развојната банка на Северна Македонија, за да ја одржи ликвидноста на овие претријатија за време на грејната сезона.

„Во врска со снабдувањето со топлинска енергија, не зборуваме дали компаниите може да испорачаат, зборуваме дали истите се ликвидни во моментот. Никој не зборува дали на крајот на годината овие компании ќе излезат во загуба, регулираната цена од Регулаторната комисија за енергетика, секако дека има одредена маржа на добивка. Во овој момент единствено дискутираме дали овие компании се ликвидни или не, за да обезбедат доволно енергенси, за да испорачаат топлинска енергија кон граѓаните. Во однос на нивните барања, ние реагиравме брзо, креиравме нова кредитна линија преку Развојната банка на Северна Македонија, на компаниите е да ги обезбедат соодветните гаранции за да може да ги користат средствата од кредитната линија. Не можевме да направиме исклучоци и да обезбедиме директна финансиска поддршка на овие компании, тоа не е во  согласност со владеењето на правото и да обезбедуваме финансиска поддршка само за една приватна компанија. Владата е тука да создаде услови да се обезбедат јавни услуги за секој еден граѓанин, без разлика дали станува збор за услуги од централно или локално ниво или од приватни компании“, подвлече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи се наврати на стратегијата за енергетика на Република Северна Македонија и посочи дека Владата донесе долгорочна стратегија, со која во наредните 20 години се планираат сите активности во електро-енергетскиот сектор, вклучително и активности поврзани со работењето на термо електраните, хидро електраните, но и инвестиции во обновливите извори на енергија, за одржливост на енергетскиот систем, но во овој момент мора да се реагира интервентно за да се обезбеди доволно електрична енергија од домашни извори.

„За справување со кризата во енергетиката, а во насока да обезбедиме што е можно поголема количина електрична енергија од домашно производство, по подолго време ги ставивме во функција двата котли на ТЕЦ Неготино, како едно нужно решение, иако не е најеколошки исправно, но со капацитет од 180 мегавати помага во намалувањето на дисбалансот на побраувачката на електрична енергија. Ставени се во функција и ТЕЦ Осломеј, когенеративната електрана Когел функционира и два блока на РЕК Битола, третиот блок овие денови треба да почне да произведува. Ставени се во функција сите капацитети на нашата држава, за да осигураме електрична енергија, ова се нужни решенија за овој момент, но сите граѓани треба да знаат дека ние размислуваме стратешки и до крајот на декември 2021 година, Владата имаше одобрено инвестиции од над 1 милијарда евра во обновливи извори на енергија“,  подвлече вицепремиерот Битиќи и нагласи дека со активностите на Владата се обезбедува електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи кои учествуваат со околу 70% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ