• Latest

Битиќи од Брисел: Го отвораме Поглавјето 28, со хармонизација на законодавството ги унапредуваме потрошувачките права и јавното здравје на граѓаните

March 1, 2023
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи од Брисел: Го отвораме Поглавјето 28, со хармонизација на законодавството ги унапредуваме потрошувачките права и јавното здравје на граѓаните

March 1, 2023 15:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес во Брисел учествуваше на билатералниот состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, поточно на состанокот од Поглавје 28 „Заштитата на потрошувачите и јавно здравје“.Во својот говор пред претставниците на Европската Унија (ЕУ) вицепремиерот Битиќи нагласи дека здравствената заштита и заштитата на потрошувачите претставуваат мултислојна област со огромна важност за секојдневниот живот на граѓаните и дека светскиот пазар би бил нефункционален ако потрошувачите не се соодветно заштитени од националните и меѓународните институции.

„Кога сум пред компјутер или кога го земам телефонот за да нарачам нешто од он-лајн продавниците, секогаш имам на ум дека има регулациони тела за сите регистрирани он-лајн продавачи и дека моите права на потрошувач се, и ќе бидат заштитени ако се случи некој проблем или измама за време на мојата нарачка“, истакна Битиќи.

Вицепремиерот пред претставниците на Европската комисија се осврна и на здравјето на граѓанинот, за кое рече дека го претставува основниот столб за економскиот развој на едно општество и токму ова стои во Поглавјето 28, за кое се дискутира деновиве и е нотиран во најновиот Извештај на Европската комисија и другите релевантни институции за Северна Македонија во областа на правата на потрошувачите и здравствената заштита.

„Ќе направиме усогласување на целото домашно законодавство со законите на ЕУ во делот на заштита на потрошувачите, со посебен акцент на зголемувањето на капацитетите на нашите оперативни структури кои управуваат и вршат инспекција. Ќе вложиме многу повеќе напори во детална контрола на тутунот, ефикасно да ги спроведеме сите релевантни закони на ЕУ и конечно да го усвоиме и ратификуваме протоколот за елиминирање на недозволена трговија со производи од тутун. Ќе обезбедиме доволно финансиска поддршка за здравствените институции кои работат на специјализирано знаење за рано откривање на канцерот и ретките болести, базирајќи се на податоците од регистрите“, рече Битиќи.

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на крајот на своето обраќање ја искажа посветеноста на Северна Македонија на усвојување на новиот Закон за заштита на потрошувачите, и паралелно ќе се работи и на надминување  на проблемите поврзани со безбедноста преку дефинирање на јасна постапка за жалбите на потрошувачите, за телото кое ќе одлучува и методологијата за компензација за секое кршење на законот од страна на продавачите.

Работната група за ова поглавје ја предводи главниот преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ и нејзе ја сочинуваат претставници од Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност, Централен регистар, Агенцијата за супервизија на осигурување, Управа за финансиско разузнавање, Министерство за внатрешни работи, Финансиска полиција и Државна комисија за спречување на корупцијата.

Вицепремиерот Битиќи и неговиот Кабинет, како што е предвидено во нашата преговарачка структура, се назначени за координатори на целиот Кластер 2, покрај координацијата на Секретаријатот за европски прашања како институција назначена за координација на национално ниво.

Во петок ќе се одржи билатералниот состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници”.

Tags: Поглавје 28Фатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ