• Latest

Битиќи, Преспа Форум Дијалог 2023: Трасирањето на патот кон ЕУ значи мудрост, но и многу работа

June 15, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи, Преспа Форум Дијалог 2023: Трасирањето на патот кон ЕУ значи мудрост, но и многу работа

June 15, 2023 12:45
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Трасирањето на патот кон ЕУ значи мудрост, но и многу работа. Секоја од нашите земји има големи аспирации, а секоја економија има можности за просперитет и напредок. Уверен сум дека балканската компетитивност може да придонесе нашите економии да бидат поблиску до европскиот пазар и уште поблиску до евроинтеграциите, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на сесијата „Трасирање на патот кон просперитет: економско-финансиски стратегии за раст на Западниот Балкан“ што се одржува во рамки на Преспа форумот во Струга.

Битиќи, кој е домаќин на сесијата, истакнa дека соработката е клучна. Треба да се избегнат, потенцира, моментите на тврдоглавост, одбивање и несоработка.

Според него, пристапувањето во ЕУ до 2030 година е возможна мисија.

-Треба да соработуваме. Преспанскиот договор донесе нови можности за балканскиот регион, особено заради зголемување на соработката. Со него се разрешија многу прашања кои беа болни за двете земји и имаше домино ефект врз целиот балкански регион. Преспанскиот договор го трасираше патот кон просперитет, овозможи интензивирање на соработката, и економска и дипломатска. Сега го трасираме патот кон членство во ЕУ што значи прифаќање одредени политки – зајакнување на институциите, зајакнување на економиите и конкурентноста, подобрување на економските односи и на трговската размена, рече Битиќи.

Вицепремиерот се осврна и на планот за Западен Балкан што го подготви ЕУ, чија цел е балканските земји да бидат поблиску до Европската Унија.

-Подготвен е план со кој балканските змеји ќе бидат поблиску до ЕУ. Планот има четири столба – приближување до единствениот европски пазар, продлабочување на регионалната економска интеграција, независно судство и борба против корупцијата, како и капитал за реформи и инвестиции. Ова овозможи создавање нови ницијативи во рамки на Балканот. Така можеме да одиме напред кон ЕУ. И Преспанскиот договор овозможува евроинтеграција на земјите од Блаканот, до 2030 година да станеме членки на ЕУ, нагласи Битиќи.  

Говорници на сесијата се и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии на Црна Гора Александар Дамјановиќ, како и Ивана Живковиќ од УНДП.

Tags: 2023БитиќиПреспа Форум Дијалог
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ