• Latest

Битиќи во компанијата Руен: Финансиски ги поддржуваме компаниите преку иновации и технолошки развој да ја зголемат својата конкурентност

July 21, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи во компанијата Руен: Финансиски ги поддржуваме компаниите преку иновации и технолошки развој да ја зголемат својата конкурентност

July 21, 2023 14:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во Кочани ја посети компанијата Руен, која Владата финансиски ја има подржано со договор за финансиска поддршка на инвестиции.

Вицепремиерот Битиќи рече дека на Руен, која се осмели да влезе во нов инвестициски проект од скоро 110 милиони денари за производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила, преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите за периодот 2017-2021 година, Владата и исплати над 43 милиони денари финансиска поддршка.

„Оваа поддршка е важна за развојот на нашите компании, а со тоа и целокупната економија бидејќи на компаниите им помага да се поттикнат во иновации, одржлив раст, намалување на трошоците и целокупно зголемување на нивната конкурентност која им овозможува да се прилагодат на промените на пазарот и да испорачуваат вредност за клиентите”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека со нејзините над 180 вработени, компанијата Руен денес важи за водечки европски производител на спојки, кој ја проширува својата продажна мрежа на 5 континенти и во повеќе од 50 земји.

„Кога една инвестиција со себе носи иновативност, дигитализирани процеси и истражување, тогаш создава можности и локалната работна сила да се стекне со нови вештини и знаења, правејќи ја долгорочно конкурентна во пошироки регионални и глобални рамки”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи информираше со финансиската помош за компаниите, Владата стимулира рамномерен развој при што само во Источниот Плански регион, во 2022 година поддржавме 57 компании на кои им беше исплатена финансиска поддршка од над 205 милиони денари.

Управителот на компанијата Глигор Цветанов, се заблагодари за поддршката на Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, особено во делот за истражување и развој, преку која мерка, Руен произведува делови за новите генерации Еуро 5 и Еуро 6 на камиони.

Tags: БитиќиРуен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ