Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи учествуваше на отворањето на настанот со кој се одбележа почетокот на Глобалната недела на претриемништво, во организација на „Стартап Македонија“, а кој се одржа преку видео конференциска врска, сооштуваат од Влада.
Битиќи истакнал дека развојот на претриемнишвото и стартап заедницата е приоритет и ја потврди заложбата на Владата за континуитет во спроведување на политики со кои и понатаму ќе се развивааат услови за поддршка на претриемништвото, стартап и спиноф компаниите.
„Верувам дека должност на Владата е да создаде можности и погодна средина за претриемништво и за стартап компаниите, а на вас да го извлечете најдоброто од тоа. Во изминатите 3 години, од 2017 до 2020 година, Фондот за иновации и технолошки развој поддржа околу 550 компании, половина од нив се стартапи, со вкупен инвестициски циклус од 75 милиони евра. Мислам дека ова е неверојатно добар напредок, но ќе работиме да биде уште подобро“, истакна Битиќи.
Битиќи укажа дека на една од последните Владини седници беше усвоен Предлог буџетот за 2021 година, а за следната година се проентирани околу 17,5 милиони евра, односно за околу 2 милиона евра повеќе во однос на 2020 година, за реализација на програмите и мерките кои се спроведуваат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Задоволен сум што ќе бидам првиот што ќе може да ја сподели со вас информацијата за процесот што ќе го започнеме, а тоа е, за прв пат во нашата земја, ќе се изготви Стратегија за развој на стартап заедницата, за чие создавање ќе бидеме среќни доколку учествуваат и самите претриемачи, односно основачи на стартапи . Постојано зборуваме дека нашата главна цел е да ја направиме Северна Македонија регионален стартап хаб, а тоа ќе го сториме заедно, преку инклузивен процес на градење на стратегијата, градејќи политики што ќе ви овозможат да растете и да се развивате“, потенцираше Битиќи.
Битиќи нагласи дека претриемачите треба да знаат дека во Владата имаат искрен и посветен партнер кој ќе ги поддржи во нивните идни активности.