• Latest

Битиќи: Железницата ќе ја направиме европска и модерна, железничарите да не стравуваат за работните места

April 9, 2024

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Железницата ќе ја направиме европска и модерна, железничарите да не стравуваат за работните места

April 9, 2024 13:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедно ќе ја трансформираме Железницата и ќе ја направиме европска и модерна. Со либерализацијата отворивме ново поглавје во железницата и создадовме нови можности, но нема потреба од загриженост за вашите работни места, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на свеченоста што се одржа денеска по повод 151 година од основањето на Македонски железници.

Битиќи посочи дека либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава.

-На либерализацијата не треба да гледаме со страв, туку да ја прифатиме како можност да ја искористиме нашата стратешка локација, рече Битиќи

Ја спомена близината и поврзаноста со пристаништето во Пиреја, како еден од најголемите транспортни хабови во југоисточна Европа и влезна транспортна точка за цела Европа.

Според директорот на ЈП за железничка инфраструктура Зоран Трифуновски, Железницата останува главен двигател за транспорт и развој, поради што фокусот е на инвестициите, за изградба на источниот крак на Коридор 8, каде се грдат првите две делници, а за третата како што рече, во најскоро време ќе се избере изведувач.

Поврзувањето со Бугарија го планираме со зачленување во ЕУ до 2030 година, посочи Трифуновски, истакнувајќи дека се подготвува документација за изградба на западниот железнички дел на Коридор 8 како и проектна документација за ремонт на Коридор 10.

Како клучен проект на свеченоста беше истакнат  и проектот за наше приклучување кон брзата пруга регионална пруга.

Либерализацијата во Железницата формално правно стартуваше на почетокот на годинава, во товарниот сообраќај.

Свеченоста во Железничко патничката станица стартуваше со проекција на развојот на Железничката станица, по што беа изведени театарска претстава и музичка програма со настап на ученици. Учесниците имаа можност да го посетат Железничкиот музеј.

Tags: Битиќижелезница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ