Криптовалутата биткоин забележа рекорд во шестдневниот раст и за 12 часа нејзината вредност се зголеми за 1.000 долари на 11.000 долари. Сепак, по само неколку часа вредноста падна на 9.500 илјади долари.
„Како што знаат сите искусни трговци, се што скока толку нагло, уште побрзо паѓа“ – изјави маркетиншкиот аналитичар Џејмс Хјуз.
Биткоинот првпат забележа вредност од преку 10.000 долари во Азија, а 12 часа подоцна достигна вредност од дури 11.000 долари.
Со порастот на вредноста забележан е и пораст на нови корисници, а во BlockChain се запишале дури 100.000 нови купувачи и е остварен обрт од 19 милиони долари.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.