• Latest
Добро утро со Орданоски

Бизнис швалерација

October 20, 2017

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Бизнис швалерација

October 20, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Е[/dropcap]дна школа на мислење во политиката вели дека, ако сакате долго да владеете во една мала земја каква што е Македонија, ви требаат само два вида на информации: кој со кого ги прави парите; и кој со чија жена спие. Значи, следете ги тие комуникации.

Тоа се вика „афера со прислушување“.

Комбинацијата од тие две информации – каде се парите и чии се жените – ви дава моќ за да станете речиси апсолутен владетел. А кога ќе завладеете апсолутно, почнувате да спиете со жената на оној со кого самиот ги правите парите.

Тоа се вика „афера со самопослужување“.

Деновиве низ Скопје кружи една приказна, чиј извор не може точно да се идентификува, во која се раскажува дека на еден од најпознатите бизнисмени толку блиски до Фамилијата, што речиси беше посинет во неа, во рамките на една тековна кривична истрага му биле предочени некои релевантни приватни детали од животот на својата сопруга и нејзините односи со неговиот бизнис партнер, прибавени со нелегално следење на комуникациите по налог на неговиот бизнис партнер. Реакцијата на бизнисменов била толку бурна, што веднаш му се јавил на „самопослужениот“ и, откако во долга рецитација му ги спомнал сите семејни колена три генерации наназад и две нанапред, му се заканил дека лично „информативно“ ќе го спакува, бидејќи му ги знае сите деловно валканици во кои, во повеќето, и самиот учествувал.

А потоа, на ист трошок на таа нервоза, се јавил до семејниот поп за да се распраша која е процедурата за раскумување кумство, со акцент на тоа дека, ако канонот е пречка, парите не се проблем. Во такви деликатни околности, за кои поповите имаат особено истенчен слух, вонканонско спогодбено решение брзо се нашло.

Следувала размена на адвокати кои, додека овдека ние диваниме, сѐ уште напорно работат врз меѓусебниот бизнис-расплет на големата и компликувана деловна империја на нашиве неименувани јунаци.

Што, пак, се случува „по дома“ со сопружниците, не е предмет на нашиот интерес. Но, за очекување е дека предметот на интересот на надлежниот истражен орган – со што тргна целиот расплет на оваа приказна – во догледна иднина ќе стане и предмет на интерес на пошироката јавност.

Сепак, оваа приказна би била само уште едно малограѓанско озборување, можеби и чиста, завидлива урбана легенда, да нема важни поуки од неа.

Прво, не прислушувај илегално.

Второ, ако веќе го правиш тоа, не биди љубоморен, па да ја слушаш и швалерка ти – која, згора на тоа, е сопруга на твојот најголем бизнис партнер – оти така се снимаш и себе си кога зборувате „мрсно“ по телефон.

И, трето, ако веќе го правиш и тоа, кога ќе те фатат, не се чуди што твоите политички противници и за тебе ќе ги искористат сознанијата со кого ги правиш парите и со чии жени спиеш, оти така, знаеш и самиот, долго се владее. А кога ќе претераш во сè без мерка, стрмоглаво се паѓа од власта.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: аферабизнисвласткумствонелегалноприслушувањешвалери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ