• Latest

Благодарам, комшија!

October 18, 2018
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Благодарам, комшија!

October 18, 2018 09:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Овој град и тоа како заслужува
за него да се раскажуваат
приказните кои дишат во него.

Некои несреќни околности имаат среќен епилог.

Со Иво Антов треба да се најдеме во нашето сврталиште, во Дебар Маало, каде од време на време пуштам музика. Со Иво треба да разговараме за развивање на сценарио за филмска серија. 10:30 претпладне е, веќе доцнам. Треба во 10:45 да сум таму. Брзaм при облекувањето.

Војо Цветановски

Слегувам долу каде што ми е врзан велосипедот. Пред влез. Се качувам и тргнувам. На првото завртување на педалата велосипедот стопира. Слегувам од него. Ја допирам задната гума. Ми се стопи во рака. Некој буквално ја искасапил. Ми се кине душата кога ќе ми се случи нешто вакво, бидејќи за мене како и за многумина во овој град велосипедот е основно превозно средство. Од торбата ја вадам тетратката. Кинам лист.  Пишувам:

„Кој и да е тој од вас драги комшии, што вака крвнички ми ја искасапил гумата на точакот, сакам да му кажам АЛАЛ ДА МУ Е! Сам нека се пријави кој е ќе го частам пиво. Вакво касапење на гума на точак досега не сум видел. Инаку точакот не е за ништо виновен. Ако со нешто сум ве навредил или не дај Боже нешто сум ви згрешил, обратете ми се мене лично, ќе разговараме за да ги надминеме околностите со кои евентуално, ненамерно сум ве навредил. Јас сум соседот од 4тиот кат. Војо.“

Листот со овие неколку редови со мастика за џвакање го залепив на стаклото на вратата од влезот.

Му вртам на Иво, да му кажам дека ќе доцнам. Наспроти мене пред ветеринарнта амбуланта која е веднаш наспроти влезот во кој живеам стои такси. Приоѓам. Отворам врата.

– Слободно?

-Слободно. – ми одговара човекот кој го вози таксито. Влегувам.

-До Дебар Маало.

Го вклучува таксиметарот. Тргнуваме. Застануваме на првиот семафор. Човекот кој го вози таксито ме погледнува преку ретровизорот.

– Ти ја дупнаа гумата, а? – ме прашува.

– Видовте? – возвратив со прашање.

– Видов. – рече.

– Видовте кој ја дупна?

– Не, не видов кој ја дупна. Видов кога ја допираше и кога го врзуваше назад. И видов дека нешто запиша и го залепи на вратата од влезот. Штета. Голема штета. Можам да замислам колку ти се скрши филмот. Знам од искуство. И јас цело време сум на точак. И точно знам колку боли кога ќе ти се дупне гума. Ај ќе ја залепиш попладне.

Молчиме. Повторно застануваме на семафор. Овој пат кај рампа. Јас молчам. Од торбата ја вадам тетратката во која ми се запишани насоките за сценариото. Тргнуваме. Ги проаѓам уште еднаш пред состанокот со Иво. Повторно застануваме на семафорите кај Црвен крст. И повторно ни се разменуваат погледите во ретровизорот. Одеднаш тој проговорува:

– Што правиме ние за светската цивилизација? Каков треба да е овој град? Кои сме ние воопшто, и зошто сме, што мислиш ти, се прашуваат ли луѓево наши такво нешто. Јас мислам дека не. Мислам дека се претвораме во некој кој веќе не комуницира ниту со самиот себе. Пред некој ден прочитав на некој пост на Фејсбук дека во Подгорица на некоја зграда има графит од Милан Младеновиќ. Зарем тоа не е прекрасно? – завршува со прашална форма човекот кој го вози таксито.

Се сецнав. Се зачудувам бидејќи тој пост го напишав јас. Не знам кој е човеков. Или ми е пријател на Фејсбук или некој го споделил мојот пост па од таму го видел на нечиј друг ѕид. Не му откривам дека е мој постот. Брзо минуваме кај градска болница и низ центарот на Скопје.

– Не знам дали си слушнал, ама во Подгорица има и улица според името на фронтменот на ЕКВ. – прокоментира човекот.

– Не сум знаел. – одговарам и додавам. – Мислам дека тоа е супер.

– Во таа насока и прашувам: што правиме ние за светската цивилизација?

– Не разбирам во која насока мислите што правиме ние за светската цивилизација? – прашувам.

– Во последниве неколку години се сменија многу имиња на улиците како низ Скопје, така и низ државава, така?

– Да.

– Кој е мојот предлог, односно како да и’се оддолжиме на светската цивилизација, бидејќи кога Скопје беше срамнето со земја 1963 година цел свет дојде да ни подаде рака во знак на помош. Лично сметам дека ние никогаш не требаше да престанеме да му се оддолжуваме на светот со тоа што еве на пример улиците низ Скопје ќе ги именуваме по имиња на светски познати личности. Постојано. И сето ова ми падна на памет кога масовно се менуваа имињата на улиците во Скопје, а видов дека во Подгорица постои улица со името на фронтменот на ЕКВ – Милан Младеновиќ. Еве, ајде кажи, кое име прво ти паѓа на памет од светската цивилизација кое сметаш дека треба да има улица во Скопје? – ме прашува човеков додека стоиме заглавени на семафорите кај Палома Бјанка.

– Дејвид Боуви. – одговарам како од пушка.

– Фреди Меркјури. – вели тој и ме гледа прашално преку ретровизорот очекувајќи да кажам ново име.

– Дражен Петровиќ. – велам јас со насмевка на лицето. И одеднаш почнуваме да се надградуваме од секунда во секунда.

– Џони Штулиќ. – вели тој. – И тоа онаа што денес се вика 23 октомври, а до пред некое време беше Владимир Комаров, во Острово, сигурно ја знаеш. И тоа од причина што тој таму растел до неговата осум годишна возраст. Знаеш дека Џони е роден во Скопје, така?

– Да. – одговарам и додавам. – Моцартова улица.

– Бетовенова улица. – вели тој.

– Улица Шопехнауер. – велам јас.

– Улица Антон Павлович Чехов. – вели тој.

– Улица Оскар Вајлд. – велам јас.

– Улица Марија Калас. – вели тој.

– Улица Павле Вуисиќ. –велам јас.

– Улица Мајкл Џордан. – вели тој.

– Улица Дикембе Мутомбо. – велам јас.

Се смееме двајцата на глас и веднаш додавам.

– Улица Никола Тесла.

– Постои таква. – вели тој.

– Супер. Нека направат уште една. –велам јас. Продолжуваме да се смееме на глас. – Улица Мади Вотерс. – додавам додека се смееме.

– Улица Константин Сергеевич Станиславски. – вели тој.

– Гледам упатен сте театарски. – велам.

– Не е тоа сега темата, продолжи, ќе стигнеме уште малку. – вели тој додека вртиме на кривината за да влеземе од Партизанска во Ленинова.

– Улица Ван Гог.

– Одлично. – вели тој и додава. – Улица Ета Џемс.

– Улица Банкси. – велам јас.

– Улица Бијонсе. – вели тој, повторно се смееме.

– Улица Монсерат Кабалие.

– Улица Софија Лорен. – велам јас.

– Улица Бастер Китон. – вели тој.

Веќе сме пред посакуваната дестинација. Преку прозорот гледам дека Иво веќе е седнат, со Јована и Нано. Вадам пари. Плаќам.

– Улица Стенли Кјубрик. – велам.

– Улица Чарли Чаплин. – вели тој.

– Улица Ф.М. – велам јас и додавам. – Ова Ф.М. супер звучи. – се смееме.

– Улица Федерико Фелини. – вели тој.

– Улица Артур Рембо. – велам јас.

– Улица Алан Форд. – вели тој и брзо додава. – Улица Брус Ли. Знаеш дека имаше биста на Брус Ли во Мостар? – прашува.

– Знам. – велам. – Едо Маајка пее за бистата на Брус Ли во Мостар, односно дека е скршена, во песната во која пати за тоа што другар му Мирза, песната се вика „За Мирзу“, заминал засекогаш од Мостар, во „подобар“ живот, во Америка. Си ја слушал? – го прашувам.

– Не. – одговара. – Сега ќе си ја пуштам на YouTube. – брзо одговара.

Гледам во човеков и душава ми се наполни за тоа каков муабет си направивме во ова обично претпладне, во такси, во Скопје. Одамна не ми било толку убаво во Скопје. И гласно проговорувам, пред да излезам.

– Улица според тебе бе друже треба да се направи во овој град.

– Не е важно дали ќе има или ќе нема улица по мене во овој град. – рече човекот кој што го вози таксито. – Многу поважно е оваа идеја да се разгледува како можност евентуално реализација. Некогаш, не е важно кога. Тогаш кога ова ќе стане реалност ние навистина ќе направиме уште нешто добро за светската цивилизација.  Сметам дека не треба да престанеме да им се оддолжуваме на сите оние кои ни пружија помош после она несреќно утро на 26 јули, 1963.

Од неговиот мобилен телефон почнува да свири „За Мирзу“ од Едо Маајка.

– Така е. – велам. Излегувам од таксито.

– Друже! – довикува човекот кој го вози таксито. Се враќам.

– Повели? – велам.

– Улица Милена Дравиќ, за крај, може? – прашува.

– Се разбира дека може. – потврдувам, како од мене да зависи.

– Поздрав друже. Инаку супер е песнава. Ај се гледаме. – рече таксистот и брзо замина. Во колата гласно свиреше „За Мирзу“.

Влегувам во барот. Седнувам насмеан. Состанокот со Иво помина супер. Веднаш потоа брзо се вратив дома. Листот на кој ја оставив пораката уште стоеше залепен на прозорот од влезната врата. Го тргнав. Скинав нов лист и на него напишав:

ТИ БЛАГОДАРАМ КОМШИЈА ШТО МИ ЈА ДУПНА ГУМАТА. МНОГУ ГОЛЕМА РАБОТА МИ ЗАВРШИ!

 

Print Friendly, PDF & Email
Share69Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ