• Latest

Блажевска, наставничка во основно училиште: Со заедничка работа до поквалитетна онлајн настава

October 2, 2020
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Блажевска, наставничка во основно училиште: Со заедничка работа до поквалитетна онлајн настава

October 2, 2020 13:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Онлајн наставата претставува различен начин на поучување на учениците. За тоа дали може да го замени учењето со физичко присуство во моментов немаме доволно релевантни податоци со кои може тоа да се потврди, вели наставничката по хемија во ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, Александра Блажевска.

„Во моментов образовните системи во целиот свет се соочуваат со целосна трансформација, така што треба да се остави времето и искуствата да покажат колку ваквиот начин може да придонесе до квалитетно образование на учениците. Во секој случај, онлајн учењето има свои предности и недостатоци, но лично сметам дека претставува добар избор за продолжување на образовниот процес, од причина што со ваквиот начин на поучување ги подобрува дигиталните компетенции на учениците и ги подготвува со потребните вештини за работните места на 21 век“, вели Блажевска.

Блажевска вели дека таа лично нема потешкотии во реализацијата на онлајн наставата и дека во периодот на прогласувањето на пандемијата, кога училиштата се затворија, била принудена многу да истражува за да најде соодветен начин за реализација на наставата.

Александра Блажевска, наставничка по хемија во ООУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје

„Од друга страна знам дека сите наставници, не по своја вина, се соочени со ситуација на потешкотии во реализацијата на онлајн наставата. Проблемите произлегуваат од немањето соодветни дигитални уреди, бидејќи онлајн наставата само по себе побарува дигитална опрема, друга причина е брзиот развој на дигиталните апликации, така што се појавува така наречен дигитален јаз од немање вештини и компетенции кај наставниот кадар. Напоменувам, не дека наставниците не сакаат да учат, туку дека немаат соодветни и континуирани обуки за јакнење на нивните дигитални компетенции. Затоа мислам дека во иднина интезивно и системски треба да се размислува, за да не се доведеме во ситуации каде наставниците ќе бидат фрлени во „оган“, сами да се снаоѓаат како знаат и умеат, притоа чувствувајќи се исфрустрирано и немоќно“, вели Блажевска.

Блажевска вели дека досегашното искуство со онлајн наставата за неа е позитивно, но смета дека сè уште треба да се работи на свеста на учениците, дека тие треба подеднакво одговорно да пристапат кон процесот на учење.

„Моето искуство е позитивно, иако сметам дека се уште треба да се работи на свеста на учениците, дека без разлика што наставникот не го гледаат физички, тие треба поеднакво одговорно да пристапат кон процесот на учење, постои мала доза на несериозност од учениците кога станува збор за онлајн учење. Сметам дека во овој момент треба да работат заедно и родителите и наставниците, како и општеството, за да може со онлајн наставата да се постигне соодветен квалитет“, додава Блажевска.

Во однос на Националната платформа за учење на далечина, Блажевска вели дека претставува одличен проект и дека верува дека ќе ги исполни очекувањата на сите во образовниот процес.

„Националната платформа за учење на далечина претставува одличен проект, верувам дека ќе ги исполни очекувањата на сите во образовниот процес, од причина што таа нуди еден унифициран начин на реализација на наставата на далечина, прилагодена е за потребите на сите корисници, на македонски јазик, и ги содржи сите елементи неопходни за онлајн наставата. Можеби ќе биде потребно време на почетокот сите да се адаптираат и да ги почуствуваат придобивката на ваквиот организиран и систематизиран начин на реализација на наставата што го нуди самата платформа“, додава Блажевска.

Ангела Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ