Yon Idy за само неколку дена ги освои срцата на огромен број луѓе во Македонија. По интерпретацијата на неговата песна во финалето на изборот за македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија 2022, неговата популарност нагло порасна.
Интересот за Јон особено се зголеми по неколкуте интервјуата низ медиумите, што е резултат на неговата скромност, искреност и шарм и несомнените музички квалитети.. Тоа може да се види од безбројните коментари за него по социјалните медиуми.
Со неговата песна Dreams, според многумина, тој е главниот фаворит за да нѐ претставува во финалното натпреварување на Евровизија, кое годинава ќе се одржи во Торино. Причините за тоа се неколку: оригиналноста на неговите композиции и текстови, како и неговиот глас. „Непретенциозно прекрасно дете со најуникаткиот машки глас ever”, напиша пред некој ден музичката ѕвезда Дани Димитровска.