На последната седница, Државната изборна комисија донесе одлука и за предлог Џебен водич за членовите на избирачките одбори.
Водичот ќе послужи за едукација и насочување на членовите на избирачките одбори. Од ДИК известуваат дека по изготвувањето, Водичот ќе биде објавен и на нивната веб-страница. На тој начин, ќе послужи и за запознавање на јавноста со надлежностите на избирачките одбори на 15 октомври.
Деновиве, членовите на Општинските изборни комисии имаат едукативни обуки во Штип и Скопје. Се очекува, вакви обуки да има и за избирачките одбори.
За локалните избори сите надлежности околу изборниот процес се на Општинските изборни комисии, додека надлежностите на ДИК се во насока на поддршка, насочување и едукација на членовите на ОИК.
ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска излезе и со соопштение, 45 дена пред изборите, повикувајќи ги граѓанките и граѓаните да соработуваат со ДИК и со другите релевантни институции во изборниот процес. Исто така, препоракана ЦИВИЛ е и соработка со ОИК, во процесот на прочистување и на увид во Избирачкиот список.
Б. Јордановска