• Latest

Бочварски: Членот за легализација на дивоградби во заштитени подрачја е внимателно одреден

May 12, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Бочварски: Членот за легализација на дивоградби во заштитени подрачја е внимателно одреден

May 12, 2021 14:47
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Без согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подрачја, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, коментирајќи ги реакциите за членот од новиот Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, што беше изгласан вчера по скратена постапка во Собранието, а со кој е дозволено и легализација на дивоградби во за штитени подрачја.

Законот, наведе, беше во собраниска процедура година и половина и вчера беше изгласан од пратениците со вградување на повеќе амандмани предложени од нив. Тој член од Законот, како нагласи, е доста внимателно одреден.

-Во однос на ова прашање не случајно е вграден и членот во којшто се вели дека во таков тип на подрачја и зони, секако ресорното Министерство коешто е надлежно или органот на државна управа, треба да даде согласност за можно ставање во правна рамка на објект во таква зона. Така што, доста и внимателно е одреден овој член. Секако без согласност од Министерството за животна средина конкретно нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подрачја, зони во национални паркови итн.  И секако Охридскиот регион, регионот под заштита на УНЕСКО, е исто така исклучен согласно студиите коишто се на располагање на државата од УНЕСКО, и станбените згради со А2 намена исто така се исклучени, нема да бидат во постапки за ставање во правна рамка на такви големи градежни објекти и комплекси, изјави Бочварски.

Целта со овој закон, дополни, е плаќањето на пенали којшто е одреден, не легализација или ставање во правна рамка по едно евро за квадратен метар, туку полни комуналии колку што се плаќаат во матичната општина, плус 50 проценти казнени пенали.

Секако, потенцираше, целта е да ги одвратиме луѓето да повеќе не пристапуваат кон ваквиот тип на начин на градба па потоа легализација и со тоа сакаме да направиме еден притисок да ова е еден од чекорите и една од фазите за да можеме да ја намалиме ваквата појава во општеството, со што ќе се согласиме сите ја има постои.

-Секако другиот аспект е зајакнување на инспекциските служби коишто веќе се случува со покачување на платите на градежните инспектори со вработување на инспекциски служби во сите  коишто деноноќно и будно ќе следат понатаму да не ни се случуваат вакви појави.  И тогаш државата, убеден сум, дека ќе биде подготвена повеќе да не оди со вакви постапки на ваков тип закони, рече Бочварски.

Според него, треба да се има предвид и тоа што, како што рече, државата има национални прашања, проблеми и потреби коишто е потребно да се стават во правна рамка. Тоа, појасни, се објекти како далноводи, водоводи, можеби училишта и градинки што биле изградени по сите законски процедури во минатото, но не биле запишани во Катастар и ги немаме на имотен лист.  За тоа да се случи на веќе изграден објект потребно е да се стави во една правна рамка. За да може градоначалникот утре да реконструира едно одредено училиште, мора тоа училиште најпрвин да биде ставено, запишано во имотен лист во Катастарот на недвижности. И ова е еден од начините или единствениот начин како тие прашања и проблеми се решаваат за да можеме да продолжиме и со одредени реконструкции на тие објекти.

-Од тој аспект сме внимателни и очекуваме примената на овој објект и граѓаните да продолжат со поднесување барања до матичните општини во наредните шест месеци откако ќе стапи во сила овој закон, притоа строго почитувајќи го законот да се применуваат сите одредби од него, изјави Бочварски.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ